Света Петка — најнова селска црква во валандовското село Градец, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа северозападно од селото Градец, десно од регионалниот пат 1102 (Скопје-Гевгелија), сместена веднаш до самиот пат.

Историја

Црквата започнала да се гради во 2014 година под покровителство на Општина Валандово, а како главен донатор е Ангелче Ристов од гевгелиското село Давидово.

Местото каде е подигната црквата важело за свето место и на кое мештаните од околните села Удово, Давидово и Градец се собирале за празникот Света Петка.

На 11 мај 2019 година, храмот бил осветен од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

Галерија

Поврзано Градец Повардарска епархија Гевгелиско архијерејско намесништво Валандовска парохија

Наводи

Надворешни врски

Градец