Мустачево или Мустафча (, Нео Василико; до 1926 г. Μουστάφτσα, Мустафца) — историско село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Се распаднало некаде меѓу 1929 и 1935 г.
Географија Селото се наоѓало во Солунското Поле, североисточно од Крџалиево и југоисточно од Чохалари, недалеку од западниот брег на Вардар.
Историја Во Отоманското Царство На пописот од 1905 г. селото имало 175 жители кои работеле на околните чифлици.
Во Грција По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Во 1913 г. Мустачево имало 100 жители, а во 1920 г. се намалило на 62 лица. Боривое Милоевиќ во 1921 г. („Јужна Македонија]]“) вели дека Мустачево има 25 турски куќи. Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор турското население е иселено во Турција, а властите довеле грчки доселеници. Во 1928 г. Мустачево станало чисто дојденско со 19 семејства сочинети од вкупно 75 лица, од кои половина од Бугарија, а другата половина од Источна Тракија.
Нешто подоцна, меѓу 1929 и 1935 г. селото е конечно напуштено поради отсуството на услови за живеење како училиште и црква. Жителите се преселиле во соседното Крџалиево.
Поврзано Вардарија
Наводи
Категорија:Историски села во Илиџиево