Атанас Михајлов Калиманов — македонски просветен деец.

Животопис мини|265x265пкс|Михајлов со учителки и ученички од женското училиште во Битола Михајлов е роден во 1862 или 1867 г. во селото Бобишта, Костурско, тогаш во Османлиското Царство, денес во Грција. Во 1889 година ги завршил педагошките курсеви во Солунската егзархиска машка гимназија, а потоа завршува педагошки курсеви и во Загреб. Долго време бил учител низ Македонија. Бил директор на гимназии во Скопје, Битола и Солун. Предавал психологија и практика во Скопското егзархиско педагошко училиште. Во 1909 година бил уапсен од властите и осуден на 2 години затвор поради говор кој го одржал на погребот на војводата Васил Аџаларски во Скопје.Дебърски глас, година 1, брой 37, 11 декември 1909, стр. 3.

Во 1910-1911 и 1912-1913 година предавал во Солунската егзархиска женска гимназија. По Втората балканска војна предавал во Ѓумурџинската гимназија. По Првата светска војна, предавал во Пловдивската духовна семинарија. Татко е на Димитар Михајлов, деец на Македонскиот младински сојуз.Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 173 – 174.

Тој бил убиен во Пловдив на 11 мај 1933 година од противници на крилото на Ванчо Михајлов, а подоцна бил погребан во Софија.

Поврзано

Никола Калиманов

Наводи

Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Македонски преселници во Пловдив Категорија:Учители во Скопското педагошко училиште Категорија:Учители во Битолската машка гимназија Категорија:Шеста генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија