мини|Фотографија од ликерот Галијано. Ликер Галијано Л'аутентико, попознат како Галијано (италијански: Liquore Galliano L'Autentico) — бренд на сладок билен ликер произведен во Италија. Создаден е во 1896 година од тосканскиот дестилатор и производител на ракија Артуро Вакари и именуван по Џузепе Галијано, италијански офицер на Кралската италијанска армија од Првата итало-етиопска војна.
Галијано е сладок со вкус на ванила-анасон и суптилни цитрусни и дрвенести билни подноти. Горната нота од ванила го разликува Галијано од другите ликери со вкус на анасон, како што се анисет, узо, самбука, пастис и мастика.
Галијано се користи и како дигестив и како состојка за коктели.
Состојки Галијано има бројни природни состојки, вклучувајќи ѕвезда анасон, медитерански анасон, бобинки од смрека, мошус ајдучка трева, лаванда, пеперминт, цимет и белегот на Галијано вкусот на ванила. Галијано користи ванилин за арома и шеќер и гликозен сируп за засладување. Карамела и тартразин се користат за да се постигне светло жолтата боја на Галијано.
Неутрален алкохол се внесува со пресата од билките освен ванилата. Течноста се дестилира и потоа се внесува со посебно пресувана ванила. Во завршна фаза, дестилирана вода, рафиниран шеќер и чист неутрален алкохол се мешаат со основата. Оригиналната мешавина е формулирана на 84,6 степени (42,3% алкохол по волумен), додека мешавина со поистакнат вкус на ванила се произведува на 60 степени (30% алкохол по волумен). Имало и период кога се произведувале на 70 степени (35% алкохол по волумен) и 80 степени (40% алкохол по волумен).
Сопственост на брендот Брендот Галијано моментално е во сопственост на холандскиот дестилатор Лукас Болс и се продава преку неговиот дистрибутер низ целиот свет, Максиум. Галијано е спакуван во шише со карактеристична форма, што потсетува на класична римска колона.
Неколку други ликери исто така се произведуваат под името на брендот Галијано, вклучувајќи црна самбука, бела самбука и амарето, кои претежно се дистрибуираат во Австралија. Галијано, исто така, прави ликер со вкус на кафе Галијано Ристрето и Галијано Балсамико, ликер со балсамичен оцет.
Награди Галијано има заработено бронзени и сребрени медали од Светскиот натпревар за алкохоли во Сан Франциско. Друга организација за оценување на алкохолни пијалаци, Wine Enthusiast, му дале на Галијано Л'аутентико резултат од „90–95“ во 2011 година.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Ликери од ванила Категорија:Италијански ликери Категорија:Ванила