десно|мини|Шише Туака Туака — италијански бренди ликер со природен вкус. Туака е слатка златно-кафеава мешавина од бренди, есенции од цитрус, ванила и други тајни зачини. Се флашира со 35% ABV (70 степени алкохол).
Туаката има благ и сладок вкус, се сервира топло и ладно, а исто така има овошна основа за низа коктели. Mexican Iced Coffee, LA TimesTuaca official site
Историја Се тврди дека рецептот датирал од периодот на ренесансата, што е тешко докажливо тврдење. Легендата што ја промовира вели дека било создадена во 15 век за Лоренцо Величествениот и повторно откриена од браќата Гаетано Туони и Џорџо Канепа во 1938 година.The Story of TUACA - tuaca.com (archived) Алкохолот првпат бил создаден како бренди со млеко, произведен со млеко, бренди и ванила.From the newspaper Il Tirreno , July 14, 2011 Подоцна, млекото било исфрлено од рецептот и името било сменето во Туока.
Во 1960-тите, Марио ди Грација, Италијанец и сопственик на синџир продавници за алкохол во Сан Франциско, почнал да го продава ликерот во САД. За да се олесни изговорот на англиски, името повторно е сменето во Туака.Il Tirreno, October 7, 2012 Популарен е во ноќниот живот во Брајтон и Хов, Велика Британија и други места.Tuaca Liqueur - diffordsguide.comTuaca, Brighton’s Flagship Drink - timeout.com
Браун-Форман од Луисвил, Кентаки го купиле брендот Туака во 2002 година за 40 милиони долари, a на 31 март 2010 го означиле затворањето на историската фабрика на Туака во Ливорно. Мешавината сега се произведувала и флаширала во Луисвил, Кентаки.Tuoni & Canepa Srl. - diffordsguide.com Во 2016 година Браун-Форман го продал Туака (заедно со Southern Comfort) на компанијата Сазерак за 540 милиони во 2016 година. Производството на Сазерак продолжило во Кентаки.
Поврзано
Список на коктели Стрелец (пијалак)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Ванила Категорија:Алкохолни пијалаци