мини|Друг поглед Аполон од Веи е етрурска статуа на Аплу (Аполон) која била направена во нејзина природна големина од теракота. Таа била дизајнирана да биде поставена на највисокиот дел од храмот. Статуата била откриена во светилиштето Портоначо на антички Веи, Латиум, во денешна централна Италија, и датира од околу 510 - 500 п.н.е. Била создадена во таканаречениот „меѓународен“ јонски или доцноархаичен етрурски стил.
Статуата на Аплу била откриена во 1916 година, а сега е изложена во Националниот етрурски музеј во Рим.
Создател Се верува дека оваа статуа ја направил Вулка, етрурски уметник кој е заслужен и за храмот на Јупитер Оптимус Максимус, според Плиниј. Тој бил единствениот етрурски уметник со познато име.
Митолошки приказ Оваа теракотна статуа била дел од сцената на Аполон и Херакле кои се расправале за Керинејската кошута, и била поставена на 12 метри над земјата на греди на акротерионот на светилиштето Портоначо во Минерва.
Статуата била облечена во туника и кратка наметка, благо наведната кон лево и со десната рака испружена и свиткана (левата рака на статуата била кон земјата и се претпоставува дека држела лак).
Заедно со други статуи, ги красела гредите на покривот на храмот Портоначо, светилиште посветено на Минерва. Поставени на високи плинтуси, оваа серија статуи биле акротериски. Серијата статуи биле поставени дванаесет метри над нивото на земјата и иако биле создадени одделно, тие раскажувале настани од грчката митологија кои барем делумно биле поврзани со богот Аполо.
Оваа статуа, заедно со статуата на Херакле, формирала група која претставувала еден од задачите на херојот пред неговата апотеоза да го направи едно од божествата на Олимп. Митот ја раскажувал расправата меѓу богот и херојот, за поседување на срната со златни рогови. Се верувало дека имало и статуа на Меркур соединета со оваа група, од која останале само главата и дел од телото.
Анализа Групата била замислена за странична визија и цврстиот волумен на фигурите обединет со дисиметријата и во Аполон (торзото и лицето) и во торзото на Херакле сугерирале дека уметникот ги разбирал оптичките деформации. Стилот на статуите бил во рамките на „меѓународниот“ јонски стил што ја карактеризирал етрурската уметничка култура од доцниот 6 век п.н.е. Скулптурата достигнала многу високо ниво на изразување.
Поврзано
Антефикс Етрурска цивилизација Орнамент (архитектура) Список на термини за класична архитектура
Извори
Наводи
Надворешни врски
Веб-страница за статуи Категорија:Стратуи од глина со природни големини Категорија:Статуи на богови во Италија