Лисабон () — главен и најголем град во Португалија со население над половина милион во рамките на неговите административни границиПопис 2011 - Прелиминарни резултати со површина од 84,8 км2. Урбаната област на Лисабон се протега надвор од административните граници со население од над 3 милиониДемографија: Светски урбани области, март 2010 на површина од 958 км2, правејќи ја 11. најнаселена урбана област во рамките на Европската Унија. Околу 3.035.000Департман за економски и социјални прашања на Обединетите нации, World Urbanization Prospects (ревизија 2009) , (Обединети нации, 2010), Table A.12. Податоци за 2007. луѓе живеат во метрополитенската област Лисабон (која претставува околу 27% од населението на земјата). Лисабон е најзападниот голем град сместен во Европа, како и најзападен главен град на европскиот континент и единствен долж атлантскиот брег. Се наоѓа во западниот дел на Пиринејскиот Полуостров на Океан и реката Тежо.
Лисабон е признат како глобален град поради неговото значење во финансиите, трговијата, медиумите, забавата, уметноста, меѓународната трговија, образованието и туризмот. Тој е еден од главните економски центри на континентот, со растечки финансиски сектор и најголемо/второ најголемо контејнерско пристаниште во Европа на атлантскиот брег."Avance del Plan Territorial Sectorial de la Red Intermodal y Logística del Transporte de la Comunidad Autónoma del País Vasco" – Eusko Jaurlaritza – Gobierno Vasco Аеродромот Лисабон-Портела опслужува 15,3 милиони патници годишно (2012); автопатската мрежа и системот на големобрзинска железница го поврзуваат со поголемите градови во Португалија. Градот е седми најмногу посетуван град во Јужна Европа, по Истанбул, Рим, Барселона, Мадрид, Атина и Милано, со 1.740.000 туристи во 2009. Лисабонскиот регион е најбогат регион во Португалија, БДП ПКМ по главна на жител е 26.100 евра (4,7% повеќе од европскиот просек). Таа е десетта најбогата метрополитенска област по БДП на континентот со 39.275 евра по глава на жител, 40% повеќе отколку европскиот просек. Градот се наоѓа на 32. место на највисоки бруто заработки во светот."Ranking: The richest cities in the world" – City Mayors.com Поголем дел од седиштата на компаниите во земјата се наоѓаат во неговиот регион и е деветти град во светот по одржани меѓународни конференции."Lisboa é 9ª cidade que mais recebe congressos internacionais" – Agência LUSA Исто така претставува политички центар на земјата, како седиште на владата и резиденција на претседателот. Градот претставува и административно седиште на истоимениот округ и центар на Лисабонскиот регион.
Лисабон е еден од најстарите градови во светот и најстар град во Западна Европа, претходејќи на другите современи европски главни градови како Лондон, Париз и Рим. Гај Јулиј Цезар го направил муниципиум наречен Фелиситас Јулија (Felicitas Julia), додавајќи му го Олисипо. Владеен од низа германски племиња од петтиот век, бил освоен од Маврите во осмиот век. Во 1147, крстоносците под водство на Афонсу Први Велики повторно го освоил градот и оттогаш станал главен политички, економски и културен центар на Португалија. За разлика од многу главни градови, статусот на Лисабон како главен град на Португалија никогаш не бил доделен или потврден официјална – преку статут или во пишана форма. Неговата позиција како главен град произлегла преку уставната конвенција, со што станал де факто главен град како дел од Уставот на Португалија.
Лисабон е седиште на две агенции на Европската Унија: Европскиот мониторинг центар за дроги и зависност од дроги и Европската агенција за безбедност во поморството. Наречен „главен град на лузофонскиот свет“, Заедницата на земји со португалски јазик е сместен во градот.
Лисабон има два објекта заштитени од УНЕСКО како светско културно наследство: Кула Белем и Црква Јеронимо. Покрај тоа, во 1994, Лисабон бил европска престолнина на културата, а во 1998 го организирал Експо ’98.
Лисабон има средоземна клима. Помеѓу сите главни градови во Европа има најтопли зими, со просечна температура од 15 °C во текот на денот и 8 °C ноќе од декември до февруари. Вообичаената летна сезона трае околу шест месеци, од мај до октомври, иако исто така и во ноември, март и април температурите можат понекогаш да достигнат околу 20 °C.
Лисабон како мотив во популарната култура „Лисјето го покрива Лисабон“ (српски: Lišće Prekriva Lisabon) - музички албум на српската рок-група „Електрични оргазам“ од 1982 година.Discogs, Električni Orgazam – Lišće Prekriva Lisabon (пристапено на 15.4.2021)
Поврзано
Тежо Историја на Лисабон
Наводи
Надворешни врски
Посети ја Португалија: Минатото на Лисабон и сегашноста – Официјална страница на Владата на Португалија Официјална туристичка страница Официјална страница на сообраќајното претпријатие
Категорија:Главни градови во Европа Категорија:Градови во Португалија Категорија:Општини во Португалија Категорија:Феникиски колонии Категорија:Римски градови Категорија:Пристанишни градови во Португалија