Основно училиште „Јане Сандански“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Јане Сандански“ - Грчиште; скратено: ПООУ „Јане Сандански“) — подрачно основно училиште во селото Грчиште, претставува единка на училиштето „Страшо Пинџур“ од селото Јосифово.
Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Јане Сандански.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Грчиште, сместено на едно мало возвишение во средишниот дел на селото.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Валандово Грчиште Категорија:Грчиште