Фолк Фест Валандово е македонски музички фолк фестивал, кој се одржува во Валандово.

Историја Валандово е познат по својот музички фестивал "Фолк Фест Валандово". Фестивалот се одржува во месец Мај, секоја година. Фестивалот се одржува во континуитет во богатата и долга музичка традиција во регионот. Започнал да се одржува од 1985 година и веќе многу години опстојува како нова традиција во државата. Од Фолк Фест Валандово се се излезени голем број на хитови и многу познати пејачи, имиња од македонската естрада.

Во 1989 година, е изградена сала која брои 1.200 седишта, и во која веќе повеќе 30 години, успешно се одржува манифестацијата. Секоја година се врши пренос на Македонската Телевизија и фестивалот е гледат не само од домашната публика, туку и во дијаспората.

Во 2025 година, се одржа 38-то издание на Фолк Фест Валандово, 40 годинишен јубилеј. На фестивалот настапиле: Драган Мијалковски, Блага Петреска, Ефто Пупиновски, Смиља Митревска, Дарко Билбиловски, Василиа Петрова, Благоја Грујовски, Горан Тодоровски, Сузана Гавазова, Методија Столески, Мишко Крстевски, Елена Андоновска, Благој Маротов и други. На ревијалниот дел на фестивалот настапи доајенот на македонската музика Перо Христов.

Директор на фестивалот е Живојин Глишиќ.

Победници ГодинаИзведувачПесна1985Кирчо ПоплазаровЛична Валандовчанка1986Јанко Узунов и Смиља АндоноваОчите ми плачат за сакање1987Блага ПетрескаЗаљуби се1988Пепи ПафтировскиАко згрешам нека изгорам1989Драган МијалковскиДојди ми Лено на перниче бело1990Гоце НиколовскиБисер балкански1991Наум ПетрескиИма ли песна1992Петар НечовскиСлушај ги камбаните1993Петар НечовскиВечност да ти бидам1994Мишко КрстевскиЉубов моја ранлива1995Кате и Нели ти рековИлјада солзи1996Перо ХристовПесни пеам, да не заплачам1997Пепи ПафтировскиПараходот Донке заминува1998Петар НечовскиЗапри време1999Перо Христов и Благица КалеваСудбина било2000Ефто ПупиновскиСпомен валандовски2001Нино ВеличковскиУште еднаш2002Војо СтојановскиДа ни е жива песната2003Гоце АрнаудовТи си жена што ме пали2004Гоце АрнаудовДомот мој манастир2005Нино ВеличковскиНе се трпат немири2006Ѓоко ЈовиќЦрвена вишна2007Ефто ПупиновскиГрлото ме издаде2008Ристо Краповски и Ани МалинковаДецата се наше најсвето2009Војо СтојановскиДа не се заборави2010Благица КалеваИ на јаве и на сон2011Ленче КукиќСакам да ме крадеш2012Ѓоко ЈовиќСинот единец се жени2013Сузана ГавазоваУмирам по тебе2014Нино ВеличковскиКрстозбор2015Душко ГеоргиевскиСвири ми виолино2017Дамјан СтојановскиМојот народ2018Благица КалеваГорда мајка2019Драган МијалковскиИлина2022Пепита БојковаДо мојот последен ден2023Мишко КрстевскиЕма убава2024Ангела ВлинтовскаТемјана2025Сузана Гавазова и Љупчо ЃоргиевЉубовта да расцути2026Христијан Божинов-Кико, Болеро БендГратче мое убаво

Наводи

Категорија:Фестивали во Македонија