Јазија (, Воскотопи; до 1969 г. Γιάζα, Јаза, Γιάζια, Јазија) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.

Географија Селото се наоѓало високо на планината Саракина, на западниот брег на реката Јазовино, притока на Лошничка Река (Порос).

Историја Во XVIII век Јазија (јазови на грчки) било едно од неколкуте мали сточарски селца расеани по планината Саракина. Жителите биле подложени на терор од турските разбојници, и затоа се иселиле во селата Горенци, Куманичево и Чурилово, но еден дел и во Лошница — семејството Дјафис, кое го оставило земјиштето во завештание на Чуриловскиот манастир, подоцнежниот чифлик Кукуфика.

Наводи

Категорија:Историски села во Костур