Љубен Пауновски ― роден е на 19 октомври 1958 година во Прилеп, а детството го поминал во Демир Хисар. Диломирал на Филозофскиот факултет, на насоката историја на уметноста со археологија во Скопје, 1984 година. По дипломирањето, тој се вработил во радиодифузното претпријатие Македонска радио-телевизија, како новинар и уредник во редакција.

Извесен период бил советник на градоначалникот на Град Скопје. Пратеник во Собранието на Македонија бил од 2 декември 1998 година, и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е поранешен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на партијата.

Во својата кариера бил најпрво министер за култура во 1999 и потоа министер за одбрана во 2001.

Во април 2007 година, тој бил осуден на три и пол години затворwww.utrinski.com.mk. Обвинението го товарило за проневерени на над милион и пол евра во 2001 година. Пауновски во моментов има поднесено тужба до Судот за човекови права во Стразбур во врска со овој случај меѓу другото и поради повреда на правото на правично судење според Европската конвенција за човекови права.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Демир Хисар Категорија:Политичари од Прилеп Категорија:Министри за одбрана на Република Македонија Категорија:Министри за култура на Република Македонија Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1998 Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски новинари Категорија:Југословенски уредници