Грофот од Монте Кристо () — авантуристички филм на Кевин Рејнолдс. Филмот е заснован на истоимениот роман на познатиот француски писател и новинар Александар Дима. Грофот од Монте Кристо бил објавен во Северна Америка на 25 јануари 2002 г. и добил во целост потврдни одзиви од критичарите. Трговски бил успешен, со заработка од 75 милиони долари.

Содржина Грофот од Монте Кристо го следи главниот лик, Едмонд Дантес, кој е предаден и лажно затворен во пресрет на неговата венчавка. Додека е во затвор, Дантес ја дознава местоположбата на богатството на островот Монте Кристо. Тој бега од затворот и го користи богатството за да стане грофот од Монте Кристо.

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2002 година Категорија:Ирски филмови Категорија:Британски филмови