Доганџи или Дованџи (, Агиос Андониос; до 1927 г. Δογαντζή, Доганѕи) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Седес на Солунскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 546 жители (2021).

Географија Селото се наоѓа на Халкидичкиот Полуостров, јужно од Солун и јужно од Седес. Лежи на планината Холомонда.

Историја Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Доганџи било турско село, не наведувајќи го бројот на жители.

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 13 жители, кои во 1920 г. се накачило на 20 лица. Во 1924 г. населението на Доганџи како турско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. На негово место се доселени грчки доселеници — околу 80 % Понд (претежно од селото Агиос Андониос), 25 % Каракачани и 5 % од Тракија. Во 1927 г. е преименувано во Агиос Андониос, по старото село на највеќето дојденци. Во 1928 г. Доганџи е претставено како наполно дојденско село со 9 семејства сочинети од 37 лица.

+ Месности во Доганџи преименувани со службен указ на 21 октомври 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Хасапли Χασαπλή Халасмата Χαλάσματαпоранешно село на СЗ од Доганџи Хасапли Χασαπλή Корифи Κορυφήвозвишение на СЗ од Доганџи (399,5 м) Махмутли Μαχμουτκλή Плагиес Πλαγιέςмесност на СИ од Доганџи Варџилар Βαρζελάρ Спитакија Σπιτάκιαпоранешно село на Ј од Доганџи Патели Πατέλι Смикси Σμιξιмесност на Ј од Доганџи Колауслу или Колаусла Κολάουσλα Спита Σπίτιαпоранешно село на ЈИ од Доганџи Чаири Τσαΐρια Дендрулија Δεντρούλιαмесност на Ј од Чели и на ЈИ од Доганџи Асликија Άσλίκια Плеврес Πλεϋρεςмесност на Ј од Чели и на ЈИ од Доганџи Турлас или Турлос Τοϋρλος Трулос Τρούλοςврв на Ј од Чели и на ЈИ од Доганџи Пелит Πελίτ Плагијада Πλαγιάδαмесност на ЈИ од Чели Чам Дере Τσάμ Ντερέ Рема Ρέμα река

Население

Наводи

Категорија:Седес