Заба или Замба (, Кринос; до 1927 г. Ζάμπα, Заба) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 20 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа на 4 км јужно од Сер, на надморска височина од 25 м.
Историја Основано е во 1924 г. од Грци преселени од Турција на местото на постара чифлигарска населба. Во 1927 година, името на селото било променето во Кринос (Κρίνος). Следната 1928 г., во селото биле сместени 22 бегалски семејства со вкупно 126 жители, колку што имало во пописот од истата година.
Стопанство Населението произведува памук, жито, тутун и други земјоделски производи.
Население
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Сер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Сер, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Сер, во кој е влегуваат истоимениот град и селата Мертатово и Метох.
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — парохиски храм
Наводи
Категорија:Сер (општина)