мини|252x252пкс|Хамбургер Хамбургер (, скратено: бургер) — вид сендвич што се состои од сплескано ќофте од мелено месо, кое се става во кружен леб исечен на два дела. Хамбургерите често доаѓаат со различни сосови, најчесто кечап, мајонез и сенф. Обично се додаваат гарнири како марула, домати, кромид, кисели краставички и сирење. Хамбургерот прелиен со сирење се нарекува чизбургер. Традиционално се продава во сендвичарници, но се наоѓа и во некои врвни ресторани. Постојат многу меѓународни и регионални разновидности на хамбургерот.
Историја мини|Хамбургер во ресторанот „Џејмс Дин“ во Прага Постојат многу теории за потеклото на хамбургерот. Според некои истражувачи, јадењето било популарно во Хамбург до 1869 г. под името „Rundstück warm“ (топло лепче) и го јаделе многу емигранти на пат кон Америка. Според други, хамбургерот првпат бил создаден во Америка во 1900 г. од дански имигрант во Њу Хејвен, Конектикат.Rosa L. DeLauro (2000). Louis' Lunch. Противниците на оваа изјава сметаат дека градот Хамбург во Германија е родното место на хамбургерот и неговиот откривач — Ото Квазе.Lance Gay Scripps (2 април 2004). Birth of an icon: Hamburger's origins unclear, but it became popular 100 years ago . Deseret News (Salt Lake City). Меѓутоа, сендвичот добил национална озлогласеност по трговскиот саем во Сент Луис во 1904 г. Спорот за основачот продолжува до ден-денес.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__