Горенички мост или Грофчански мост — поранешен камен мост во близина на дебарското село Горенци. Мостот минувал преку реката Радика и пред неговото уништување во 1960-тите бил прогласен за културно наследство на Македонија.
Историја Мостот се наоѓал во близина на Дебар, по течението на реката Радика. Имал три лака, од кои средниот бил најголем, а страничните биле помали и исти. Меѓу сводовите имало две „мостови ниши“. Неговата должина била над 50 м.
Мостот бил разрушен при изградбата на браната на Дебарското Езеро во 1960-тите. Мостот бил внимателно демонтиран камен по камен поради неговиот статус на културно наследство, а секој камен потоа бил обележан да биде повторно изграден на друго место долж Радика. Камењата биле чувани во објект во близина нај Бошков Мост, но поради немање пари мостот не бил изграден и камењата биле искористени за разни други градби во Дебар.
Наводи
Категорија:Општина Центар Жупа Категорија:Мостови во Македонија Категорија:Културно наследство на Македонија во Општина Центар Жупа