Маријама Мамане е екологист и инженер од Нигер.

Мамане ја основала компанијата Џасигрин (анг: Jacigreen) и освоила неколку награди за иновации за нејзината работа за подобрување на екологијата на реките.

Ран живот и образование Мајката на Мамане магистрирала на науки за животот и земјата.

Мамане пораснала покрај реката Нигер во нејзиниот роден град Нијамеј, а од 2020 година живеела во Буркина Фасо. Дипломирала биоразновидност и управување со животната средина на Универзитетот во Нијамеј.

Кариера Во 2016 година, Мамане ја освоила наградата Претприемнички пат (анг: Entrepreneurial Journey) од Меѓународниот институт за инженерство на вода и животна средина (исто така познат како 2iE) и ја основала компанијата Џасигрин (анг: Jacigreen) и ја регистрирала во Уагадугу. Компанијата работи на претворање на инвазивниот зумбул во земјоделско ѓубриво и компост и биогас. Биогасот се користи во генераторите за создавање електрична енергија.

Во 2016 година, Мамане ја освоила и наградата Омилена на жирито на наградите African Rethink Awards.

Во 2017 година, Мамане ја добила наградата за млади шампиони на Земјата на Програмата за животна средина на Обединетите нации. Наградата била со вредност од 15.000 долари.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Климатолози Категорија:Нигериски инженери Категорија:Нигериски екологисти