Горгиев мост () — стар камен мост во селото Подгорјани, Правишко, Егејска Македонија.
Мостот се наоѓа во месноста Цирифм на 200 м над Лазидевиот мост, во непосредна близина на Подгорјанскиот амам. Ги поврзува двете селски маала, кои се раздвоени од реката Криорема.
Лакот е направен претежно од тесен камен и има камења надградени со украси, а лакот од горната страна е оштетен. Површината на мостот е покриена со бетон.
Околу 200 м повисоко од мостот се наоѓаат остатоците од друг камен мост, кој се урнал во средината на XX век.
Наводи
Категорија:Мостови во Егејска Македонија