Георги Барбаровски (р. година во , Струмичко) — македонски винар и писател.

Животопис Барбаровски е македонски винар, писател и текстописец на македонски народни песни. Кариерата ја почнал како соработник на земјоделскиот весник „Трибина“ (1974). Од 1986 г. се афирмирал во политичко-екомомската рубрика на „Нова Македонија“. Бил член на првиот редакциски состав на „Дневник“, а од февруари 2004 година, заедно со Александар Дамовски е основач и главен редактор на весникот „Време“. Пишувал поезија, раскази, публицистички трудови. Објавил шест поетски книги: „Око и меч“, „Згром“, „Златен дожд“ и „Совршен лов“, „Пеење и натпевање“ и „Струпки“. Тој ги напишал следниве антологиски новосоздадени македонски песни: „Заветна“ и „Ако згрешам нека изгорам“ на Пепи Пафтировски, „Молитва“ од Виолета Томовска, „Ти ме предаде“, „Мала ќе ти е Шар Планина“ на Блага Петреска и „Песната може сè“ со Ефто Пупиновски, „Дали чекаш стара мајчице“, „Ај да беше стрела песнава“ и „Пеам да не заплачам“ на Гоце Арнаудов и „Лична Валандовчанка“ на Кирчо Поплазаров и многу други... Во 2023 година, ја добил наградата за животно дело Златна бубамара на популарноста.

Негов брат е композиторот Миле Барбаровски.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски новинари Категорија:Југословенски писатели