Али Паша (, Нерохори; до 1927 г. Αλή Πασά, Али Паса) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на општината Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.

Географија Остатоците од селото се наоѓаат на неколку километри западно од Долна Џумаја во правец на Хазнатар.

Историја Во XIX и почетокот на XX век Али Паша било чисто македонски чифлик во Серската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Али Паша (Ali-pacha) било село во Серската Каза со 40 домаќинства сочинети од 140 Македонци.

В 1891 година Георги Стрезов пише за селото:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 384 жители Македонци христијани.

Во првата деценија на XX век населението на Али Паша (Ali-Pacha) било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. населението на селото се состоело од 280 Македонци патријаршисти.

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 384 жители, а во 1920 г. тие се намалиле на само 84 лица, што значи дека селото настрадало во Првата светска војна.

Во 1928 г. селото е попишано со 62 жители, од кои само 4 грчки дојденци. Сè до регулацијата на Струма и создавањето на вештачкото Бутсковско Езеро во 1930-тите селото страдало од поплави поради неговата местоположба помеѓу два тогашни ракава на реката.

Со растежот на Хазнатар, Али Паша било припоено кон него. Престанало да постои како одделно село во 1951 г. Во 1968 г. со службен указ месноста е преименувана во Тригонометрико (Τριγωνομετρικό)

Личности Иван Парашкалиев (1874 – ?) — борец во МОО, четата на Таската Серски

Наводи

Категорија:Историски села во Долна Џумаја