„Друго минато“ — збирка раскази на македонскиот писател Андреј Ал-Асади, објавена во 2018 година во издание на Темплум. За оваа книга авторот ја освоил наградата „Новите!“. Збирката е објавена во рамките на едицијата „Катапулт“. Таа е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 112 страници. Книгата е испечатена во печатницата Алма графика во тираж од 300 примероци. Таа е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4871-01-9. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата Кома. Книгата е отпечатена со финансиска поддршка од Комерцијална банка АД - Скопје.Андреј Ал-Асади, Друго минато, Темплум, Скопје, 2018.
Содржина Збирката содржи девет раскази: Рамка Приказна за обичниот херој Адвокат на вечноста Толкувачот Единствена љубов Покајанието на големиот Абу Нуас Писмо до кралицата Пород без крилја Друго минато
Наводи
Категорија:Дела на Андреј Ал-Асади Категорија:Книги од 2018 година Категорија:Изданија на Темплум Категорија:Македонски дела од 2018 година Категорија:Појавено во 2018 година во Македонија Категорија:Македонски раскази Категорија:Добитници на наградата „Новите!“