Иван Антоновски (Скопје, 30 јули 1990) — македонски поет и есеист, книжевен критичар, книжевен преведувач и публицист. Работи како асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Скопје.
Животопис Роден е во 1990 година во Скопје. Автор е на повеќе книги поезија, проза, есеистика и публицистика, а застапен е во повеќе домашни и меѓународни поетски антологии и зборници. Дипломирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, како првенец на генерацијата. Член е на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија.
Творештво
Поезија Крикови од неископан гроб, Скопје, Панили, 2013 Обиди за (пре)создавање песна, Белград, Граматик, 2021 (избор, на српски)
Есеи (Не)отворени прашања, 2014 Острење од тапоста, 2015
Студии Идентитетот е приказна (книга за есеистиката на Горан Стефановски), Скопје, Полица, 2022 Просто и строго – Конески, Скопје, Матица македонска, 2023
Публицистика Од онаа страна на Небиднината: разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов, Скопје, Дијалог, 2023
Хибридни форми Обиди за (пре)создавање песна, (поезија и есеи), 2017
Антологии Ветерот носи убаво време, (коприредувач), 2012 Од копнеж до ерос, (македонска љубовна лирика), 2013 Ново раѓање на зборот, (коприредувач) 2023
Награди Иван Антоновски е прогласен е за најдобар млад научник во хуманистичките науки за 2021 година и од претседателот на државата му е доделено признанието „Успешни млади“. Добитник е на повеќе награди, како: „13 Ноември“ на Град Скопје. „Франк Манинг“ на Ректоратот на УКИМ. „Тодор Чаловски“ што ја доделува Здружението за литература, култура и уметност „Галикул“ (2016). Наградата за необјавена песна „Антево слово“ (2021). Наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“ (2023). Наградата „Ванчо Николески“ за најдобро дело за деца и млади за книгата „Бакнежи на небото“ (2024).
Наводи
Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски писатели Категорија:Родени 1990 Категорија:Родени во Скопје Категорија:Добитници на наградата „Ванчо Николески“