Обаја или Оваја (често членувано Обајата; , Агриолевка; до 1927 г. Ουμπαγιά, Убаја) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика во областа Централна Македонија, Грција.

Географија Селото е сместено во Серското Поле, крај десниот брег на Струма, на 4 км јужно од селото Ветрен, на надморска височина од 38 м. Селото се дели на две маала - Горна и Долна Обаја.

Историја

Во Отоманското Царство Во XIX век Обаја било македонско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Долна обаси (Dolna-obassi) имало 25 домаќинства и 80 жители Македонци, а во Горна Обаја (Gorna-obaya) имало 80 домаќинства со 270 Македонци.

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Обаја имало 210 Турци, а во Долна Ова 180 жители, сите Македонци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Обаја имало 280 Македонци под врховенство на егзархијата и во селото работело бугарско училиште.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 115 жители, а во 1920 г. се зголемиле на 134 лица.

Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција, а вкупно 55 Македонци принудно биле иселени во Бугарија. На нивно место се населиле 45 бегалски семејства (вкупно 217 бегалци), така што селото станало мешана населба. Во 1927 година, името на селото било променето во Агриолевка (Αγριόλευκα).

Селото силно страдало од маларија, поради што во 1940 г. е заведено со само 55 жители. Во 1941 г. е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 200 жители, а во 1951 г. е регистрирано со 51 жител. Во 1950-тите неговите жители се преселиле во селото Ветрен и е збришано од евиденција.

Културни и природни знаменитости Цркви

Црква „Св. Ѓорѓи“

Личности Родени во Обаја

Динчо Вретенаров (1886 - 1924) — македонски револуционер Илија Коларов (1891 - 1922) — македонски револуционер на ВМРО Танчо Филипов (1892 - 1924) — македонски револуционер на ВМРО, загинал во Горноџумајските случувања

Наводи

Категорија:Обаја