Друштвото на Црвениот крст на Јамајка е агенција за хуманитарна помош во Јамајка.
Историја Црвениот крст на Јамајка бил основан во 1948 година како гранка на Британскиот Црвен крст. Во јули 1964 година, Британскиот Црвен крст ја префрлил својата контрола на ново национално друштво, кое во октомври 1964 година било официјално признаено од Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
По ураганот Гилберт во 1988 година, Црвениот крст на Јамајка бил значително вклучен во спроведување на помош. Над 2.500 волонтери работеле по 14-часовни смени обезбедувајќи помош. Тие, исто така, имале поддршка од Лигата на друштвата на Црвениот крст, при што дополнителните залихи пристигнувале од нивниот магацин во Панама.
Програми Друштвото на Црвениот крст на Јамајка е управуван и надгледуван од Централениот Одбор. Мандатот на нејзините членови е две години.
Организацијата имала спроведено различни програми за ублажување на штетите од ХИВ/СИДА во земјата.
Наводи
Категорија:Црвен крст Категорија:Црвен крст и Црвена полумесечина Категорија:Хуманитарни организации Категорија:Јамајка