Романот, Магарешки години, на Бранко Ќопиќ од 1960 година, ни го претставува растење на авторот помеѓу детството и зрелоста, но во делото може да се најде секој млад човек кој расте во безгрижни времиња и чии години се обележани со ученички проблеми и пубертетски немири.

Напишан е во хумористичен и донекаде носталгичен стил.Лектира "Магареће године", приступљено: 30. јул 2016.

Анализа на романот Насловот на романот „Магарешки години“ се однесува на немирните пубертетски години обележани со фантазии, палавштини, прва љубов.

Дејството на романот се одвива во Бихаќ. Нараторот (Бранко) ја започнува приказната во сегашноста,при што ја опишува битката за Бихаќ во1942 година, во која учествувал и самиот, а потоа се присетува на деновите кога бил средношколец и живеел во ученички дом во 1930-тите. Романот нагло завршува со дејство кое уште еднаш се однесува на сегашноста.

Главните ликови во книгата се момчињата: раскажувачот Бранко, најсилниот во друштвото Бајо, Хамид од муслиманска вероисповед, нискиот и бестрашен Крсто, Дуле Дабиќ кој бил наглув и секогаш гладен, како и браќата близнаци Бранко и Ранко Мандиќ.

Драматизација Како и многу други дела на Бранко Ќопиќ, романот Магарешки години бил драматизиран и изведен во детските театри низ бившата СФРЈ.

Поврзано

Магарешки години (филм) Бранко Ќопиќ Орлите летаат рано

Наводи

Категорија:Српски романи Категорија:Детска книжевност