Горна Милја () — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција. Населението брои 19 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа западно од градот Катерина и 3 км западно од Милја, во источниот дел на планината Шапка, на надморска височина од 940 м.

Историја Горна Милја за првпат се спомнува во пописот од 1940 г. кога е заведена со 62 жители. Всушност таа претставувала колибарска населба на жителите на Милја. Во пописот од 1951 г. не се споменува бидејќи селото настрадало во Грчката граѓанска војна и населението го напуштило. Во 1990-тите тоа било обновено, а во пописот од 1991 г. се забележани 43 жители.

Население

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Локово со седиште во селото Долна Милја, која припаѓа на поголемата општина Катерина, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Милја, во кој влегуваат истоименото село и Долна Милја, Кариес и Фтери.

Културни и природни знаменитости Цркви

Црква „Св. Петка“ — изградена во XVII век

Параклиси

„Св. Козма Етолски“

Наводи

Категорија:Катерина (општина)