The Donnas (транскрипција: Донас) ― поранешна американска женска рок-група основана во Пало Алто, во 1993 година. Во нејзиниот состав биле: Брет Андерсон (главна пејачка), Алисон Робертсон (гитара, придружен вокал), Маја Форд (бас гитара, придружен вокал) и Тори Кастелано (тапани, удирачки инструменти и придружен вокал). Ејми Сесари ја заменила Кастелано, која ја напуштила групата во 2009 година. Нивна инспирација биле групите: Ramones, The Runaways, Girlschool, AC/DC, Bachman–Turner Overdrive и Kiss.

Откако групата по објавувањето на првиот албум во 1997 година стекнала култни следбеници на панк-сцената, во 2002 година потпишале со голема издавачка куќа по што нивната музика станала покомерцијална со примеси на панк, метал и рок-звуци.

Историја

Основање и почетоци: 1993 – 2001 Сите четири девојки кои ја основале групата се родени во 1979 година; Брет Андерсон на 30 мај; Алисон Робертсон на 26 август; а Маја Форд и Тори Кастелано се родени на 8 јануари. Се запознале во осмо одделение и во мај 1993 година основале група за заедно да настапат на натпреварот за училишен талент „Day on the Green“. Тие биле релативно непознати додека не завршиле средно училиште. Сите тие биле самоуки музичари и додека биле средно училиште речиси секој ден вежбале во гаражата на Кастелано. Прво се нарекувале себеси „Ragady Anne“, а потоа го промениле името во „The Electrocutes“.

За нивните први два албума соработувале со продуцентот Дарин Рафаели. Првиот албум, насловен The Donnas, бил објавен од издавачката куќа на Рафаели, Super*teem. Потоа потпишале со Lookout!. Во декември 2001 година, потпишале со Atlantic Records.

Atlantic Records: 2002 – 2005 година Во 2002 година, The Donnas го објавиле албумот Spend the Night. Албумот бил нивен прв обид за мејнстрим успех. Во 2004 година го издале нивниот шести албум Gold Medal.

Атлантик енергично се обидувала да ја пласира музиката на Donnas во многу филмски саундтракови. Песни од групата се на саундтракот од филмот Drive Me Crazy од 1999 година (како The Electrocutes), и подоцна во серијата Волшебнички со синглот „Fall Behind Me“. Тие исто така, се појавиле во тинејџерската комедија Jawbreaker од 1999 година како група која свири на матурска забава и придонеле со две песни во саундтракот од филмот ("Rock 'N' Roll Machine" и "Checkin' It Out"). Нивната преработка на песната „Roll On Down The Highway“ била искористена во Дизниевата комедија Херби: Целосно натоварена, а Backstage била искористена во „Freaky Friday“. Донас, исто така, може да се слушнат на Злобни девојки за време на одјавната шпица со нивната преработка на песната од Били Ајдол „Dance With Myself “, а тие исто така придонеле и за саундтракот на филмот Grind. Во спотот „Too Bad About Your Girl“ се појавува и актерската екипа од тој филм. Песната „Take It Off“ се појавува во филмот Dodgeball. Песната „Take Me To The Backseat“ може да се слушне во акционата комедија од 2004 година, DEBS. Преработката од песната од Kiss „Strutter“ била искористена во саундтракот за филмот Детроит Рок Сити од 1999 година. „Take It Off“ била искористена и во филмот „Мамурлак“ од 2009 година.

Нова издавачка куќа, промена во составот и распаѓање: 2006 – 2012 лево|мини| Настап во 2008 година На 19 мај 2006 година, Донас објавиле дека се „разделиле со Атлантик Рекордс“. Во март 2007 година, Донас издале сингл, „Don't Wait Up For Me“ и дизајнирале ново лого на групата.

На 18 септември 2007 година, Донас независно го издале нивниот седми студиски албум насловен Bitchin'''. Албумот бил продуциран од Џеј Растон и The Donnas и го содржел синглот „Don't Wait Up For Me“.

Во јули 2009 година, групата издала ретроспективна компилација под наслов Greatest Hits Vol. 16. Албумот содржел нови песни, повторно снимени постари песни како и некои необјавени материјали. Групата тоа лето била на турнеја со Пет Бенатар и Блонди. Во јули 2009 година било објавено дека тапанарката Тори Кастелано за турнејата ќе биде заменета со нивната долгогодишна пријателка Ејми Сезари затоа што Кастелано боледувала од тендинитис на рамото.

На 9 јули 2010 година, Кастелано преку веб-страницата на групата објавила дека поради нејзините постојани проблеми со рамото ќе мора да се повлече од The Donnas. Таа се запишала на политички науки на Универзитетот Стенфорд и дипломирала во 2013 година. Потоа продолжила на Правниот факултет на Харвард.

Членови на групата

Брет Андерсон (Donna A) – главна пејачка, пијано (1993 – 2012) Алисон Робертсон (Donna R) – гитара, придружен вокал (1993 – 2012) Маја Форд (Donna F) – бас, придружен вокал (1993 – 2012) Тори Кастелано (Donna C) – тапани, придружни вокали (1993 – 2009) Ејми Сезари (Donna С) – тапани, придружни вокали (2009 – 2012)

Дискографија

The Donnas (1997) American Teenage Rock 'n' Roll Machine (1998) Get Skintight (1999) The Donnas Turn 21 (2001) Spend the Night (2002) Gold Medal (2004) Bitchin''' (2007

Наводи

Надворешни врски

TheDonnas.com (Официјална веб-страница) Фејсбук страницата на Донас Донас на Твитер

Категорија:Американски панк рок музички групи Категорија:Музички групи со женски вокал Категорија:Американски алтернативен рок музички групи Категорија:Музички групи од Калифорнија Категорија:Американски квартети Категорија:Музички групи основани во 1993 Категорија:Музички групи распаднати во 2012 Категорија:Американски гаражен рок-групи Категорија:Американски женски групи Категорија:Музички групи основани во 1993 година