Анте Старчевиќ (хрватски: Ante Starčević ; 23 мај 1823 – 28 февруари 1896) ― австриски/австроунгарски политичар и писател од хрватска народност. Неговата политика се насочувала на хрватското државно право, интегритетот на хрватските земји и правото на неговиот народ на самоопределување. Како важен пратеник во хрватското собрание и основач на Партијата на правата, тој ги поставил темелите на хрватскиот национализам. Тој е нарекуван Татко на нацијата поради неговата кампања за правата на Хрватите во Австроунгарија и неговото пропагирање на хрватска држава во време кога многу политичари барале обединување со другите Јужни Словени.

Животопис

Живот Старчевиќ е роден во селото Велики Житник во близина на Госпиќ, мал град на воената граница во рамките на Австриската Империја, на таткото хрватскиот католик Јаков и српската православна мајка Милица (). Почетните години на Старчевиќ биле под влијание на неговиот стрико Шиме Старчевиќ, католички свештеник со силни илирски симпатии кој ја поддржал кратката наполеонова окупација на Далмација и составил илирско-француски речник. Од тринаесет до шеснаесетгодишна возраст, неговата образовна основа била обликувана од учењата на Шиме, вклучувајќи го латинскиот и штокавското хрватско наречје.

Во 1845 година завршил во Класичната гимназија во Загреб. Потоа накратко ги продолжил студиите на семинаријата во Сењ, но наскоро се преселил во Пешта во 1845 година за да присуствува на Римокатоличката теолошка семинарија, дипломирајќи во 1846 година. По дипломирањето, Старчевиќ се вратил во Хрватска и продолжил да студира богословие во Сењ. Наместо да стане свештеник, тој решил да се занимава со световни работи и почнал да работи во адвокатската канцеларија на Ладислав Шрам во Загреб. Потоа се обидел да добие академска функција на Универзитетот во Загреб, но не бил успешен, па останал во канцеларијата на Шрам до 1861 година кога бил назначен за главен нотар на Округот Фјуме (Риека). Истата година, тој бил избран во хрватскиот Собрание како претставник на Риека и ја основал првобитната хрватска Партија на правата со Еуген Кватерник. Бил член и на одборот на Матица Илирска, хрватско културно друштво поврзано со илирското движење, во Историското друштво и во редакцијата на книжевното списание Невен. Старчевиќ ќе биде повторно избран во Собранието во 1865, 1871 година и од 1878 година до неговата смрт.

Во 1862 година, кога Риека била вмешана во учество во протести против Австриската Империја, тој бил суспендиран и осуден на еден месец затвор како непријател на режимот. Во 1871 година, тој повторно бил уапсен по Раковичкиот бунт што го покренал Кватерник, кој барал независност од хабсбуршката власт. Бунтот ги привлекол и српските и хрватските селани, но бил задушен по три дена од императорските трупи. И покрај тоа што немал никаква врска со бунтот, властите го затвориле Старчевиќ и ја укинале Партијата на правата. Тој поминал 75 дена во затвор; по ослободувањето работел како службеник во адвокатската канцеларија на неговиот внук од брат, Давид Старчевиќ.

Во својата старост, тој се преселил во Старчевиќевиот дом, куќа изградена за него од страна на хрватскиот народ во 1895 година. Починал во својата куќа помалку од една година подоцна, на 73-годишна возраст. По негова желба бил погребан во црквата „Св. Мирко“ во загрепското предградие Шестине. Неговата биста била изработена од Иван Рендиќ. На смртната постела тој побарал да не се поставуваат споменици во негова чест, но статуа од него била поставена пред Старчевиќевиот дом во 1998 година. десно|мини|250x250пкс| Погребната поворка за Анте Старчевиќ, 1896 година.

Политичка активност лево|мини|296x296пкс| Политичкото дело на Старчевиќ, Iztočno pitanje ( ) објавена во 1899 година. До 1850-тите, хрватските идеологии за национален идентитет биле поделени меѓу југословенството, кое израсна врз илирското движење и се залагало за единство меѓу јужните Словени како начин за одржување на хрватската нација и ексклузивниот хрватски национализам. Старчевиќ и Кватерник ја отфрлиле југословенската рамка и сметаа дека е неопходна револуција како Француската револуција за да се ослободи Хрватска од австриската контрола.

Како главен нотар во Риека во 1861 година, Старчевиќ ги напишал „четирите молби на Округот Риека“. Тој посочил дека Хрватска треба да ги одреди своите односи со Австрија и Унгарија преку меѓународни договори. Тој барал реинтеграција на хрватските земји, „големото старото кралство Хрватска“ (средновековното Кралство Хрватска), татковината на еден народ, „со иста крв, јазик, минато и (до Божја волја) иднина“.

Неговата желба за независност од Австрија станала основа за неговото основање на Партијата на правата со Кватерник. Првичниот слоган на партијата бил: „Ни под Виена, ни под Пешта, туку за слободна, независна Хрватска“. Заедно со Кватерник, тој ја гледал Австрија како „заколнат историски непријател“ на Хрватите, и не ја прифатил власта на Унгарија над Хрватска . Во остварувањето на политичките цели, партијата отфрлила секаква соработка со Виена или Будимпешта или со Србите. Партијата затоа работела малку во Собранието и се здобила со углед на тешкост и неразумност.

Старчевиќ се залагал за решавање на босанскохерцеговските прашања со реформи и соработка меѓу народот и благородништвото. Старчевиќ верувал дека Бошњаците се „најдобрите Хрвати“ и тврдел дека „босанските муслимани се дел од хрватскиот народ и од најчистата хрватска крв“.

Со говорот што го одржал во Собранието на 26 јуни 1861 година, Старчевиќ ја започнал кампањата за рехабилитација на Петар Зрински и Фран Крсто Франкопан.

Од своите први списи од 1861 година, до неговиот последен говор, Старчевиќ се обидел да докаже дека главната и трајна работа е да се ослободи од австриското заплашување и дека за хрватскиот народ нема живот или посреќна иднина „додека повеќе не е под Австрија- Унгарија“. Тој зазел непријателски став кон „мисловниот начин наречен Австрија, во кој владите и владетелите (...) заговарале против народите“.

Старчевиќ го видел главниот хрватски непријател во Хабсбуршката Монархија. Тој верувал во способноста на хрватскиот народ да управува со себе и дека суверенитетот израсна од нацијата, народот, а не од владетелот кој владеел „По Божјата милост“. „Бог и Хрватите“ била суштината на политичките идеи на Старчевиќ. Под влијание на идеите на Француската револуција се борел против феудализмот и се залагал за демократизација на политичкиот живот.Barišić 2000, pp.105-120 Во политиката, тој се потпирал на жителите на градот, побогатите селани и интелектуалците.

Идеологија Старчевиќ најпрво бил поборник на Илирското движење, а подоцна ги усвоил идеолошките ставови од францускиот период како национализмот и либерализмот. Тој ги развил своите лични, како и партиските спорови околу хрватскиот национализам, либерализмот во однос на слободата и слободите на народите и нациите, верскиот плурализам и парламентарниот монархизам.ABM, Monarhizam kao ideologija i pokret u 21.st., Obnova magazine, no 8, p: 86Author: Leo Marić, Name: Made in Europe? Europski utjecaji na hrvatski nacionalizamAnte Starčević, svojim političkim spisima redovno rabi podjelu političkih sustava na monarhije, republike i despocije, pri čemu je on sâm zagovornik ustavne monarhije., (3.3.2019.), http://www.obnova.com.hr/radovi/autori/86-made-in-europe-europski-utjecaji-na-hrvatski-nacionalizam Тој ја застапувал идејата за Голема Хрватска од која ќе настанат денешна Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија и ги гледал сите Јужни Словени кои ги населувале регионите, како Хрвати, без разлика на нивната религија. За Старчевиќ, Хрватска ја вклучила целата територија од Алпите на север, до Македонија и бугарската граница на југ. Според него, Бугарите и Хрватите биле единствените јужнословенски народи.

Книжевно-јазично дело мини|273x273пкс| Споменик на Анте Старчевиќ во Загреб. Покрај политичките активности, Старчевиќ бил богослов, филозоф и писател. Пишувал книжевни критики, раскази, написи во весници, политичка сатира, филозофски есеи и песни. Бил и преведувач.

Неговиот патопис „Од Лика“ бил објавен во списанието на Кушлан „Славенски југ“ на 22 октомври 1848 година. Во периодот 1851–52 година напишал четири драми, но зачуван е само „Селскиот пророк“.Dubravko Jelčić, Politika i sudbine: eseji, varijacije i glose o hrvatskim političarima, Školska knjiga, Zagreb, 1995., , pp. 20-21. Неговиот превод на делото на Анакреонт, од старогрчки, е објавен во списанието Даница Илирска во 1853 година. Тој давал критички осврти на различните песни на Ѓурѓевиќ.

Во 1850 година, вдахнат од Људевит Гај, Старчевиќ започнал да работи на ракописот Истарски развод, хрватски документ од 1325 година. Тој го препишал текстот од глаголицата на латиница, го анализирал и го објавил во 1852 година. Во предговорот, Старчевиќ ги елаборирал своите јазични идеи, поточно дека мешавината на сите три хрватски наречја: штокавски, чакавски и кајкавски) и краинскиот дијалект, со својата 600-годишна историја, бил хрватскиот јазик. Старчевиќ го прифатил етимолошкиот правопис и цел живот го користел екавскиот нагласок, сметајќи го за наследник на стариот кајкавски. Не користел асибилација, коартикулација или асимилација, прифатена во хрватскиот правопис уште од Људевит Гај. Неговиот правопис бил усвоен од усташкиот режим во Независна Држава Хрватска. Неговиот јазик е „синтетички“ облик на хрватскиот, никогаш не користена пред или после него, најмногу сличен на озаљскиот идиом на Петар Зрински, кого веројатно никогаш не го прочитал.Lika i Ličani u hrvatskom jezikoslovlju, (Lika and Its People in Croatian Linguistics), Proceedings of the Scientific Symposium of Days of Ante Starčević

Старчевиќ го изјавил своето противење на Виенскиот јазичен договор од 1850 година, во кој српските и хрватските лингвисти се договорилњ за основање на српскохрватски јазик заснован на штокавскиот дијалект. Тој, исто така, се спротивставил на јазичните концепти на Вук Стефановиќ Караџиќ и објавувал написи во кои ги напаѓал неговите предлози. Старчевиќ го негирал постоењето на српски идентитет и затоа се залагал за хрватски јазик. Неговата положба ја отсликувал положбата на Караџиќ од спротивниот крај, бидејќи Караџиќ ги гледал сите штокавски говорници како Срби, додека Старчевиќ сите ги гледаше како Хрвати.

Кога „Србски дневник“ од Нови Сад објавил текст во кој се вели дека „Хрватите пишуваат на српски“, Старчевиќ како одговор напишал: „Наместо да тврдат дека Хрватите користат нешто друго освен хрватскиот јазик, оние писатели кои се сметаат себеси за Срби (или тоа што им се допаѓа) би било добро да пишуваат на образован и чист хрватски јазик, како што некои од нив веќе прават, и тие можат да го нарекуваат својот јазик коптски, колку и да ми е гајле“. Одговорот го објавил како непотпишан напис во Народне новине, весникот на Људевит Гај, па српската страна го нападнала Гај, погрешно припишувајќи му ја статијата. Старчевиќ потоа прогласил дека тој е авторот, а не Гај, кој се грижел да одржува добри односи со Србија, се оградил од својот пријател.

Старчевиќ бил единствениот хрватски политичар од неговото време кој бил почитуван од писателот Мирослав Крлежа.Miroslav Krleža o hrvatskoj historiografiji i hrvatskoj povijesti Крлежа ги споредува борбите на Старчевиќ со борбите на Дон Кихот. За Мирослав Крлежа Старчевиќ е најинтелигентниот хрватски политичар. Крлежа, не обрнувал многу внимание на политичките аспекти на неговите дела.

Во 1869 година, тој објавил потврдна статија за Отоманската Империја и исламот.Krleža, Miroslav (1975). Panorama pogleda, pojava i pojmova. Oslobođenje.

Проценка