Болница е назив за здравствена установа што врши медицински и здравствени услуги. Таа може да биде во државна сопственост или во приватна сопственост. Персонал на една болница се лекари, медицински сестри, болничари, заболекари и голем број на други професии во зависност од намената на болницата. Има општа болница, клинички зентар, стоматолошка болница и голем број на други видови на болници. Најголема здравствена установа во Македонија е Клиничкиот Центар во Скопје.
Болницата како тема во уметноста и во популарната култура „Цвет“ — краток расказ на македонската писателка Румена Бужаровска.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 263. „Момче во болница“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 61. „Санаториумска балада“ — песна на македонскиот поет Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 26-27. „Болница“ - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 140-141. „Визита“ — краток расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска.Сања Михајловиќ-Костадиновска, Во кратки црти. Скопје: Бегемот, 2021, стр. 19-20. „Трка“ — краток расказ на македонската писателка Габриела Стојаноска-Станоеска.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 252. „O tempora, o mores!“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 173. „миксан мозок во душевна болница“ — краток расказ на македонскиот писател Хигсов Бозон од 2011 година.Хигсов Бозон, Педерски Катахрезис, Темплум, Скопје, 2011. „извештај од болницата“ — песна на полската поетеса Вислава Шимборска.Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 117. „Рози во болницата“ (англиски: Roses In The Hospital) — песна на британската рок-група Меник стрит причерс (Manic Street Preachers) од 1993 година.Manic Street Preachers – Gold Against The Soul (пристапено на 3.3.2023) „Болница“ (англиски: Hospital) — песна на американската рок-група Модерн Лаверс (The Modern Lovers) од 1976 година.YouTube, The Modern Lovers - The Modern Lovers (Full Album) (пристапено на 24.12.2017) „Општа болница“ (англиски: General Hospital) — песна на американскиот рапер Кул Кит (Kool Keith) од 1996 година.Doctor Octagon(Kool Keith) - Dr. Octagonocologyst (Full Album) (пристапено на 3.5.2017)
Наводи
Категорија:Здравствен систем Категорија:Болница