Осло — главен и најнаселен град во Норвешка. Тој истовремено претставува и округ и општина. Општина Осло имала 724.290 жители во 2025 година, додека поширокото урбано подрачје имало 1.110.887 жители, а метрополитенската област имала проценето население од 1.546.706 жители во 2021 година.

За време на викиншката епоха, областа била дел од Викен. Осло бил основан како град на крајот од викиншката епоха, во 1040 година, под името Ансло, а во 1048 година, од страна на Харалд III, бил воспоставен како трговски град. Во 1070 година градот бил издигнат во бискупија, а околу 1300 година, за време на владеењето на Хокон V, станал главен град. Личните сојузи со Данска, од 1397 до 1523 година и повторно од 1536 до 1814 година, го намалиле неговото влијание. Откако бил уништен во пожар во 1624 година, за време на владеењето на кралот Кристијан IV Дански, нов град бил изграден поблиску до тврдината Акерсхус и бил наречен Христијанија во чест на кралот. На 1 јануари 1838 година тој станал општина. Градот служел како главен град на Норвешка за време на унијата меѓу Шведска и Норвешка од 1814 до 1905 година. Од 1877 година, името на градот се пишувало Кристијанија, правопис што бил усвоен од општинските власти во 1897 година, иако се користело и името Христијанија. Во 1925 година, по припојувањето на соседно село, градот го сменил своето име од Кристијанија во Осло, враќајќи го своето старо име. Во 1948 година, Осло се споило со Акер, општина која ја опкружувала престолнината и била 27 пати поголема од неа, со што била создадена современата, значително поголема општина Осло.

Осло е економски и политички центар на Норвешка. Градот исто така е центар на норвешката трговија, банкарството, индустријата и бродскиот сообраќај. Тој е важен центар за поморските индустрии и поморската трговија во Европа. Во градот се наоѓаат седиштата на бројни компании од поморскиот сектор, од кои некои од нив се меѓу најголемите бродски компании, бродски посредници и поморски осигурителни брокери во светот. Осло е пилот-град во рамките на Програмата за интеркултурни градови на Советот на Европа и Европската комисија.

Осло се смета за глобален град и во 2008 година бил рангиран како „Бета светски град“ од Мрежата за истражување на глобализација и светски градови. Во однос на квалитетот на животот, градот бил рангиран на прво место меѓу големите европски градови во извештајот Европски градови на индината 2012, објавен од списанието fDi. Истражување на ECA International во 2011 година, го рангирало Осло за втор најскап град во светот според трошоци за живот, веднаш по Токио.

Историја Во минатото името на градот бил Христијанија (1624-1877) или Кристијанија (1877-1925). Во Осло се доделува Нобеловата награда за мир. Се претпоставува дека градот бил основан во 1048 година од страна на кралот Харалд III Сигурдсон, но според најновите археолошки ископувања се смета дека градот постоел и во најраното христијанство. Во 2000 година Осло го отпразнувал своето 1000 годишно постоење. Името “ос“ значи или партенон или некое брдо, а “ло“ значи лука. Во 1952 година во Осло биле одржани Зимските олимписки игри.

Географија Осло се протега во форма на лак на најсеверниот крај на Ослофјорд. Фјордот, кој речиси е преполовен од полуостровот Несоден спроти градот, се наоѓа јужно од Осло. Во останатите правци градот е опкружен со зелени ридови и планини. Во границите на Осло се наоѓаат 40 острови, од кои најголем е Малмеја, со површина од 0,56 км². Во поширокото подрачје на Ослофјорд се наоѓаат уште десетици острови. На територијата на градот има 343 езера, а најголемо е Маридасванет, со површина од 3,91 км². Езерото претставува и еден од главните извори на вода за пиење за голем дел од градот.

Иако во Источна Норвешка има бројни реки, само две помали реки протекуваат низ Осло — Акерселва и Ална. Акерселва извира од Маридасванет и се влева во Ослофјорд кај Бјорвика. Водопадите на Акерселва обезбедувале енергија за дел од првата современа индустрија во Норвешка во 1840-тите години. Подоцна, реката станала симбол на економската и социјалната поделба на градот на источен и западен крај. Работничките населби се наоѓале од двете страни на реката, а границата меѓу двата дела на градот всушност продолжува нешто позападно, долж улицата Уеландс. Реката Ална протекува низ Грурудален, главното приградско и индустриско подрачје на Осло. Највисоката точка во границите на Осло е Киркебергет, со надморска височина од 629 метри. Иако Осло има релативно мал број жители во споредба со повеќето европски престолнини, градот зафаќа исклучително голема површина. Околу две третини од неговата територија се заштитени подрачја составени од шуми, ридови и езера. Во границите на градот се наоѓаат бројни паркови и отворени зелени површини, што придонесуваат за неговиот зелен и просторен изглед.

Демографија До 2010 година, населението на Осло се зголемувало со рекордно темпо од речиси 2% годишно (17% во текот на последните 10 години), со што станало најбрзорастечката скандинавска престолнина. Според годишниот извештај на Статистичкиот завод на Норвешка, во 2015 година општина Осло имала 647.676 постојани жители, од кои 628.719 живееле во самиот град. Урбаното подрачје на Осло имало 1.019.451 жител, додека во поширокиот регион на Осло, во радиус од 100 километри од центарот на градот, живееле околу 1.710.000 жители.

Според последниот попис, 432.000 жители на Осло (70,4% од населението) биле етнички Норвежани, што претставува зголемување од 6% во однос на 2002 година, кога нивниот број изнесувал 409.000. Осло има најголем број имигранти и Норвежани родени од родители имигранти во Норвешка, како во апсолутен број, така и во однос на вкупното население. Од 624.000 жители на Осло, 189.400 биле имигранти или лица родени од родители имигранти, што претставувало 30,4% од населението на главниот град. Сите предградија на Осло имале удел на жители со имигрантско потекло поголем од националниот просек од 14,1%. Предградијата со најголем удел на жители со имигрантско потекло биле Сондре Нордстранд, Стовнер и Ална, каде што тие сочинувале околу 50% од населението.Kristoffer Fredriksen: Immigrants and Norwegian-born to immigrant parents, 1 јануари 2013 SSB, јануари 2013

Пакистанците ја сочинуваат најголемата етничка малцинска група, по што следат Полјаците, Сомалијците и Швеѓаните. Други поголеми имигрантски групи потекнуваат од Шри Ланка, Виетнам, Турција, Мароко, Ирак и Курдистанскиот регион, како и Иран и покраината Курдистан.Folkebibl.no

Во 2013 година, 40% од учениците во основните училишта во Осло биле евидентирани со прв јазик различен од норвешкиот. Западниот дел на градот претежно бил населен со етнички Норвежани, а во неколку училишта помалку од 5% од учениците имале имигрантско потекло. Источниот дел на Осло бил поразновиден, а во некои училишта уделот на ученици со имигрантско потекло достигнувал до 97%.

Во 2022 година, имигрантите од незападно потекло и нивните деца броеле 164.824 лица, што било околу 24% од населението. Имигрантите од западно потекло и нивните деца броеле 71.858 лица, што било околу 10% од населението на градот. Вкупно, имигрантите сочинувале 35% од населението на Осло во 2022 година.

Осло има бројни верски заедници. Во 2019 година, 48,7% од населението биле членови на Норвешката црква, што било значително помалку од националниот просек од 69,9%.Church of Norway – main figures 14 јуни 2019 Statistics Norway Припадниците на други христијански вероисповеди сочинувале 8,4% од населението. Исламот го исповедале 9,5%, а будизмот 0,6% од населението. Припадниците на другите религии сочинувале 1,1% од населението. Заедниците засновани на животен став, пред сè Норвешкото хуманистичко здружение, биле застапени со 2,8% од населението. Вкупно 28,9% од жителите на Осло не припаѓале на ниту една религија или заедница.

Студенски Домови Студенскиот дом Согн (Нор. 'Sogn Studentby') се наоѓа во Нордре Акер областа на градот Осло. За овој како и за повеќето студенски домови во Осло е одговорна организацијата СИО SIO . Овој студенски дом се наоѓа во непосредна близина на главниот универзитет во Осло UIO на растојание од 1.3 - 2.3 километри. До овој студенски дом лесно се стигнува со јавен превоз со автобусите број 22 и 25. Во блиско опкружување на овој студенски дом (5-7 минути одење) се наоѓа и градскиот фудбалски стадион на градот Осло Ullevål Stadion. До стадионот има и метро станица преку која може да се стигне до центарот на Осло со линиите 3,4 и 6.

Заменитости Паркот Вигеланд музејот Фрам музејот Кон-Тики Музеј на Викинзите

Наводи

Категорија:Градови во Норвешка Категорија:Главни градови во Европа Категорија:Главни градови на државите Категорија:Окрузи во Норвешка Категорија:Населени места основани во 11 век