мини|293x293пкс| Црквата Света Хриписима, изградена во 618 година е важна црква од раниот период. Ерменска црковна архитектура — архитектонски стил што се развил во текот на изминатите 1.900 години, почнувајќи од апостолската ера на христијанството на Ерменската Висорамнина во текот на 1 век. Според професорот по ерменски студии Дикран Кујмџијан, овој архитектонски стил се појавил кон крајот на 6 или почетокот на 7 век, што го прави еден од првите национални стилови во христијанската архитектура.Dr. Dickran Kouymjian Тој им претходи на другите значајни црковни архитектонски стилови како што се византискиот, романскиот, готскиот, како и помалку познатите етиопски, скандинавски и словенски стилови.Arts of Armenia, Architecture

Одлики Првите ерменски цркви, изградени по наредба на Григориј Просветител, честопати биле градени над пагански храмови, одразувајќи некои елементи од ерменската претхристијанска архитектура.

Ерменските цркви се познати по неколку препознатливи обележја, меѓу кои се зашилените куполи кои личат на обликот на вулканскиот конус на Арарат. Овие стожести или полустожести радијално сегментирани куполи се наоѓаат на врвот на валчести тамбури (обично повеќеаголни однадвор, често осумаголни). Целокупната конструкција ја нагласува вертикалноста, при што висината често ја надминува должината на црквата. Овој вертикален нагласок е зајакнат со високи, тесни прозорци кои ја пропуштаат светлината.

Ерменските цркви се претежно направени од камен, често вулканска туфа или базалт, со камени засводени тавани. Композитен покрив од фино сечени травертински ќерамиди ја покрива конструкцијата. Ако има фрески и резби, тие обично се богато украсени, а меѓу украсите може да се видат виорни лози и лисја кои се користеле надвор од Ерменија уште од римско време. Широката употреба на високи структурни лакови ги потпира куполата, засводениот таван и вертикалните ѕидови.

Класификација на традиционалните ерменски цркви Во границите на горенаведените заеднички одлики, поединечните цркви покажуваат значителна разлики што може да го одразува времето, местото и досетливоста на нивните творци. Додека ги проучуваше овие разлики на почетокот на 20 век,Торос Тораманијан ги определил следните класични стилови: +Класични стилови на ерменската архитектура според Торос Тораманијан Стил Ерменска номенклатура БазиликаBazilik (Բազիլիկ) Купола базиликаGmbetakir bazilik (Գմբեթակիր բազիլիկ) Во облик на крстEtchmiadznatip (Էջմիածնատիպ; literally "Etchmiadzin-type") Правоаголна со вертикален акцентOughghagitz karankiun (Ուղղագիծ քառանկյուն) РадијалнаSharavighayin (Շառավիղային) КружниZvartnotsatip (Զվարթնոցատիպ; literally "Zvartnots-type")

Наводи

Категорија:Црковна архитектура Категорија:Ерменска архитектура