мини|Дрво на Либериско кафе во Виетнам. Либериско кафе или либериско кафе дрво е вид на скриеносеменици растенија од родот кафе од фамилијата Броќови. Ова е трет најчест вид во одгледувањето по Арабика (арапско кафе) и Робуста (конгоско кафе). Кафето Либериско природно расте во западна и централна Африка од Либерија до Уганда и Ангола и е одомаќинето на Филипините, Индонезија, Сејшелите, Андаманските и Никобарските Острови, Француска Полинезија, Средна Америка, Западна Индија, Венецуела, Колумбија, Малезија и Бразил.

Распространетост и екологија Оваа сорта на кафе за прв пат е откриена пред три века во шумите на Либерија, држава сместена на западниот брег на Африка, по што го добило и своето име. За време на шпанската колонијална ера од 1800-тите, либериското кафе е донесено и засадено во градот Липа, Филипини, а малку подоцна кон крајот на 19 век, зрната биле донесени во Индонезија за да ги заменат зрната Арабика уништени од лошите временски услови. Денес, Либерика се одгледува и широко се користи во Гвајана, Суринам, Биоко (Фернандо По), Саун Томе, Либерија, Малезија на Филипините и во помала мера Сиера Леоне, Брегот на Слоновата Коска, Нигерија, Конго ( Бразавил ), Маврициус, Шри Ланка, Индија, Тајланд, Виетнам, Тајван и Тимор.

Биолошки опис Зимзелена грмушка или мало дрво, достигнувајќи височина од 20 метри и е издржливо.

Листовите се цели, малку брановидни, спротивни, на кратки ливчиња, често овенати.

Цветовите се бисексуални, миризливи, 3-6 по соцветие.

Плодот е овално-елипсовидна бобинка, поголема од онаа на арапското кафе. Семињата се спаруваат (по две).

Употреба Овој вид на кафе има многу силна арома, но прилично слаб вкус. Пијалакот, приготвен од зрната Либерика, нема висока содржина на кофеин. Со оглед на горенаведеното, видот ретко се користи - главно во мешавини на кафе, каде што се додава поради неговата арома (која во некои случаи може да биде посилна од Арабика).

Наводи

Категорија:Овошни дрва Категорија:Флора на Африка Категорија:Броќови Категорија:Кафе