Вилијам Двајт Витни — американски јазичар, филолог и лексикограф.

Роден е во Нортхамптон, Масачусетс, на година. Се запишува на колеџот Вилијамс на свои петнаесет години, а матурира во 1845 година. Тој продолжува да студира, а истовремено и работи во банка во Нортхамптон. Потоа, во 1849 година му помага на својот брат Џосаја Витни да направи геолошки премер на езерото Супериор.

Потоа, три години студира санскрит во Германија и тука се здобива со широка репутација за неговото знаење во ова поле. На Јеил, во 1854 година, тој станува професор по санскрит, а во 1869 година почнува да предава и компаративна филологија. Во 1857 година станува секретар на Американското ориентално здружение, а во 1884 година станува негов претседател.

Витни ги ревидира дефинициите за изданието од 1864 година на американскиот речник Вебстер, а во 1869 година го основа и е првиот претседател на Американската филолошка асоцијација. Потоа прави превод на Ведите во стихови и има пишува многубројни текстови за Ведите и лингвистиката, од кои повеќето се собрани во сериите „Ориентални и јазичарички студии“ (1872-1874). Пишува и неколку книги за јазикот и граматика на санскрит, француски, англиски и германски јазик.

Иако страда од заболување на срце во подоцнежните години, Витни е главниот уредник на првото издание на Вековниот речник кој се јавува од 1889 до 1891 година. Тој е брат на професорот Џосаја Витни. Женет е за ќерката на американскиот сенатор и гувернер на државата Конектикат Роџер Шерман Болдвин, Елизабет Вустер Болдвин. Негов внук е познатиот математичар Хаслер Витни.

Наводи

Категорија:Американски јазичари Категорија:Американски филолози Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански) Категорија:Дописни членови на Петербуршката академија на науките Категорија:Апсолвенти на Хумболтовиот универзитет Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Апсолвенти на Тибингенскиот универзитет Категорија:Членови на Пруската академија на науките Категорија:Дописни членови на Руската академија на науките Категорија:Членови на Торинската академија на науките Категорија:Починати во 1894 година