Магла () — американска научнофантастична телевизиска серија во жанрот трилер на ужасите, развиена од Кристијан Торп. Се заснова на истоимениот роман на ужасите од 1980 г. на писателот Стивен Кинг. Серијата се прикажувала во една сезона од 10 епизоди на Spike од 22 јуни до 24 август 2017 г. Spike подоцна ја откажал серијата на 27 септември истата година.

Содржина Необјаснива магла полека го обвива градот Бриџвил, Мејн, создавајќи речиси непробојна бариера за видливоста. Жителите на градот наскоро дознаваат дека ситуацијата е уште понесигурна бидејќи необјаснивите неправилности и појави во маглата ги напаѓаат и убиваат повеќето што влегуваат во неа, заробувајќи неколку групи луѓе во трговски центар, црква и болница. На крајот, луѓето почнуваат да гледаат привиденија во маглата од нивното минато, стравови или вина, кои им помагаат или убиваат во зависност од тоа како реагираат.

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Серии