Крива Јабука — историско село на територијата на Општина Кратово, денес во атарот на градот Кратово.

Географија Селото се наоѓало југозападно од Кратово, во јужното подножје на Осоговските Планини. Било сочинето од две маала — Горна Крива Јабука и Долна Крива Јабука.

Историја Во XIX век Крива Јабука било мало македонско село во Кратовска Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Крива Јабука имала 25 жители, сите Македонци христијани.

Целото население на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев (La Macédoine et sa Population Chrétienne) во 1905 г. Крива Јаб’лка (Kriva Yabalka) имало 16 Македонци, сите под Егзархијата.

Личности Пане Иванов (? – 25 мај 1925) — револуционер, деец на ВМРО

Наводи

Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Кратово