Тарот: Карта на смртта () — американски натприроден филм на ужасите од 2024 г., напишан и режиран од Спенсер Коен и Ана Халберг (во нивното режисерско деби на долгометражен филм) и соавторство со Николас Адамс. Се заснова на романот „Horrorscope“ на Николас Адамс од 1992 г. Во филмот играат Хариет Слејтер, Адајн Бредли, Авантика, Волфганг Новограц, Умберли Гонсалес, Ларсен Томпсон, Олвен Фуере и Џејкоб Баталон. Откако група студенти користат чуден шпил на тарот, почнуваат ужасно да умираат еден по еден и мораат да ја откријат тајната на шпилот пред да истече времето.
Филмот бил објавен во САД од Sony Pictures Releasing на 3 мај 2024 г. Добил одречни одзиви од критичарите и заработил 20 милиони долари ширум светот. Во Македонија премиерата била на 9 мај истата година.
Содржина Кога група пријатели безрасудно го прекршуваат светото правило на читање на тарот, тие несвесно ослободуваат неискажливо зло заробено во проколнатите карти. Еден по еден се соочуваат со судбината и завршуваат во трка со смртта.
Улоги ГлумецУлогаХариет СлејтерХејлиЏејкоб БаталонПакстонАдајн БредлиГрантАвантикаПејџВолфганг НовограцЛукасУмберли ГонсалесМаделајнЛарсен ТомпсонЕлисОлвен ФуереАлма Астрин
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 2024 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Филмови за демони