мини|180x180пкс| Цветови од јасмин за додавање во чај Чај од јасмин е чај со цветови од јасмин. Неговата историја датира од времето на Сунг династијата (960-1279). Зелениот или белиот чај обично се користат како основа за чај од јасмин. Чајот со цветови од јасмин има суптилна слатка арома. Ова е најпопуларниот миризлив чај во Кина.Lou, Mary, and Robert J. The story of tea: a cultural history and drinking guide. Ten Speed Pr, 2007. Retrieved Oct. 23, 2010, from
Се верува дека јасминот бил донесен во Кина од Персија во 2-5 век. Се одгледува на големи надморски височини во планините.
Чајот од јасмин се произведува во провинциите Хунан, Џјиангсу, Џјангшји, Гуангдонг, Гуангси и Џеѓанг. Чајот од провинцијата Фуџјиан ужива најдобра репутација.Gong, Wen. Lifestyle in China. 五洲传播出版社, 2007. Retrieved Oct. 23, 2010, from
Начин на подготвување Специјално одгледани сорти на јасмин се користат за производство на висококвалитетен чај од јасмин.
Постојат два главни начини на подготовка на овој чај, кои се познати уште од античко време.
Првиот метод: Цветовите од јасмин заедно со листовите од чајот се третираат топлински еден ден.
Вториот метод: листовите од чај и цветовите од јасмин се чуваат измешани заедно сто дена или повеќе, по што јасминот потоа се отстранува од чајот. Со овој начин на подготовка, чајот воопшто не ги губи своите корисни квалитети, но мануелната работа со овој начин на подготовка на чајот ја зголемува и цената на финалниот производ.
Наводи
Категорија:Чај