Министерство за земјоделство и рибарство (португалски: Ministério da Agricultura e Pescas) —португалско владино министерство, одговорно за спроведување на јавните политики, за надгледување на прашањата поврзани со земјоделството и сродните активности како што се шумарство, сточарство, храна и руралниот развој и рибарство.
Историја Министерството за земјоделство за прв пат било создадено во 1918 година. Оттогаш било укинато и повторно воспоставено под различни имиња: 1918 - Министерство за земјоделство 1932 - Министерство за трговија, индустрија и земјоделство 1933 - Министерство за земјоделство 1940 - Државен потсекретаријат за земјоделство, оддел на Министерството за економија 1958 - Државен секретаријат за земјоделство, оддел на Министерството за економија 1974 - Министерство за земјоделство и трговија 1974 - Државен секретаријат за земјоделство, оддел на Министерството за економска кординација 1974 - Државен секретаријат за земјоделство, оддел на Министерството за економија 1975 - Министерство за земјоделство и рибарство 1981 - Министерство за земјоделство, трговија и рибарство 1993 - Министерство за земјоделство, шумарство и храна 1986 - Министерство за земјоделство, рибарство и храна 1991 - Министерство за земјоделство 1995 - Министерство за земјоделство, рурален развој и рибарство 2004 - Министерство за земјоделство, рибарство и шумарство 2005 - Министерство за земјоделство, рурален развој и рибарство 2011 - Министерство за земјоделство, море, животна средина и планирање 2013 - Министерство за земјоделство и море 2015 - Министерство за земјоделство, шумарство и рурален развој (секторот за рибарство бил интегриран во Министерството за море) 2019 - Министерство за земјоделство 2022 - Министерство за земјоделство и храна 2024 - Министерство за земјоделство и риболов
Надворешни врски
(порт.) Официальный сайт Категорија:Министерства за земјоделство Категорија:Министерства на Португалија