200px|мини|Бригите Кнопф Бригите Кнопф (родена на 28 август 1973 година, во Бон) е германски климатолог. Од февруари 2015 година таа е генерален секретар на Меркатор Истражувачкиот институт за глобални проблеми и климатски промени а од 1 септември 2020 година е член на Експертскиот совет за климатски прашања ().
Кариера Во 1993 година, Кнопф матурирала како најдобра во својот клас во гимназијата Алберт-Ајнштајн во Санкт Аугустин. Во 1993 година започнала да студира физика со специјализација за сончева енергија на Универзитетот во Марбург. Кнопф добила диплома во 1999 година.
Од 1999 до 2001 година Бригите Кнопф работи во одделот за истражување и развој на PHÖNIX SonnenWärme AG во Берлин. Од 2001 до 2006 година, Кнопф била докторант на Институтот за истражување на климатските влијанија во Потсдам (ПИК). Во 2006 година докториралс на Универзитетот во Потсдам. Од 2007 до 2014 година работела како научник во ПИК. Во 2014 година почнала да работи за Меркатор Истражувачкиот институт за глобални проблеми и климатски промени(MCC).
Трудови Неодамнешниот трудот на Кнопф се занимава, меѓу другите теми, и со спроведување на Парискиот договор. Таа, исто така, ги проучува цените на јаглеродот и како тоа може да се ублажат климатските промени истовремено финансирајќи ги целите за одржлив развој на ОН (SDGs).
Во јавната дебата за решенија за климатската криза, Кнопф се залага за цена за емисиите на јаглерод. Таа повикува на одржливи финансиски реформи во Германија и на меѓународно ниво: „Покрај намалувањето на субвенциите за фосилите горива, таквата реформа мора да вклучува ефективна цена на јаглеродот“. Таа тврди дека приходите од цените на јаглеродот може да се искористат за намалување на другите даноци.
Кнопф била еден од авторите на петтиот извештај за проценка на IPCC (2014).
Избрани публикации
Ottmar Edenhofer, Brigitte Knopf u. a.: The economics of low stabilization: model comparison of mitigation strategies and costs. In: The Energy Journal. 2010, S. 11–48, https://www.jstor.org/stable/41323490
Надворешни врски
Наводи
Категорија:Женски климатолози Категорија:Германски академици Категорија:Родени во 1973 година Категорија:Статии со текст на германски