мини|Тексашки каубојци со каубојски шешири Каубојски шешир — вид шешир типичен за каубојците во САД, Канада и Мексико. Најчесто е кожен, сламен или од филц, со широк обод подигнат од двете страни. Современиот каубојски шешир бил измислен во 1860-тите. Сè уште е популарен во западните провинции на Канада, југозападните држави на САД и во северниот дел на Мексико. Го носат и кантри-пејачи.
Историја Шеширите со широк обод со голема круна, кои ги носат јавачите, се појавуваат уште во XIII век. Ги откриле монголски коњаници. Поради сончевата и топла клима, создадени се шешири со широк обод, како сомбрерото во Мексико.
Не е познато кога каубојскиот шешир почнал да се нарекува така. Западњаците немале стандарден шешир. Луѓето што се движеле на запад носеле многу стилови на шешири. Спротивно на популарното верување, каубојскиот шешир првично не бил најпопуларниот шешир на Дивиот Запад.The Hat That Won the West, retrieved 2010-02-10 Каубојците носеле шешири со висока круна и широк обод, кои ги усвоиле од Мексиканците. Овие шешири го вдахнале создавањето на каубојскиот шешир, иако потекнуваат од Северно Мексико, а не од Соединетите Американски Држави.Sobey, Edwin J.C. Young Inventors at Work!
Првите каубојски шешири биле произведени во САД во 1860-тите, и имале тркалезна круна. Овие шешири биле водоотпорни, со природна боја и имале круна и обод од околу 10 сантиметри. Имале лента за да може оној што го носи шеширот да го прилагоди на главата.
Поврзано
Сомбреро
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Вестерн Категорија:Капи