Портица (, Φαράγγι Πορτίτσας) — клисура во Гребенско, Егејска Македонија. Заедно со камениот Портички мост на нејзиниот влез се смета за едно од најубавите места во денешна Грција.

Опис Клисурата е сместена на реката Венетик, јужно од селото Спилио. Долга е нешто помалку од 500 м, но има впечатлива длабочина бидејќи тука реката ги двои Орљачка Планина на север од Ликотрипа на југ. Покрај камениот мост, клисурата е позната како место привлечно за многу видови птици. Западно од неа Венетик ја образува малата долина Канави, која завршува кај мостот на влезот на клисурата. Портичкиот мост е изграден во 1743 г..

Наводи

Категорија:Клисури во Егејска Македонија Категорија:Гребен (општина)