Ен-Мари Роуз Николсон (англ. Anne-Marie Rose Nicholson; родена на 7 април 1990 година) ― англиска пејачка, текстописец и трикратен светски првак во шотокан-карате.

Животопис Ен-Мари Роуз Николсон е родена на 7 април 1990 година во Ист Тилбери, Есекс. Нејзината мајка била учителка, а татко ѝ бил градежник. Таа има постара сестра, Саманта. Како дете, глумела во два мјузикла на Вест Енд: Клетници кога имала шест години и Whistle Down the Wind кога имала 12 години во кој исто така глумела и Џеси Џеј.

Ен-Мари има црн појас во шотокан-карате. Почнала да се занимава со карате на девет години и станала трикратен светски шампион; освоила две злата на Светското првенство во карате асоцијацијата Фунакоши во 2002 година и уште едно злато и сребро во 2007 година. Таа освоила злато на државното првенство во Обединетото Кралство во традиционално карате.

Кариера

2013–2015: Почетоци мини|Ен-Мари настапува со Rudimental на V Festival, 2014 Во 2013 година, Ен-Мари била прифатена од Rocket Music и го издала демото „Summer Girl“. Таа привлекла внимание откако Ед Ширан го објавил демото на неговиот Твитер профил. Неколку музичари ја повикале во студио како гостин-музичар на нивните песни, со што го првлекла вниманието на британската поп-група Rudimental, и во 2014 година тие ја замолиле да ја замени пејачката која ја напуштила групата. Ен-Мари две години била на турнеја со Rudimental како пејачка. Таа, исто така, учествувала на четири песни од нивниот втор албум We the Generation (2015), што ѝ дало доволно самодоверба да започне соло-кариера.Peak chart positions for singles in the United Kingdom:

Нејзиното прво ЕР, Karate ЕР, било издадено на 10 јуни 2015 година под тогашната нова издавачка куќа на Rudimental, Major Tom's. Две песни биле објавени како синглови, „Karate" и „Gemini“. Во ноември 2015 година, таа го издала синглот „Do It Right“, која се искачила на 90-тото место на топ-листата за синглови во Велика Британија.Peak chart positions for singles in the United Kingdom:

2016–2018: Светска популарност и прв албум Нејзиниот прв албум бил под работен наслов Breathing Fire. На 20 мај 2016 година, Ен-Мари го издала „Alarm“, прв сингл од нејзиниот прв албум. Во октомври 2016 година, таа потврдила дека ќе учествува на Eurosonic Noorderslag во Холандија.  Истиот месец, Clean Bandit ја објавиле нивната песна „Rockabye“, во која главна пејачка била Ен-Мари и јамајканскиот рапер Шон Пол. Песната поминала девет последователни недели на прво место на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство, а исто така била на врвот на националните и радиски топ-листи за синглови во над 30 земји. На крајот од 2016 година, Ен-Мари објавила дека албумот е одложен за 2017 година и не дала дополнителни информации за насловот ниту за датумот на издавање. лево|мини|Ен-Мари настапува на SWR3 New Pop Festival во 2017 Во 2017 година, таа ги издала сингловите „Ciao Adios“, „Heavy“ и „Then“. На 9 февруари 2018 година, таа ја објавила песната „Friends“ во соработка со Маршмело. На 19 април 2018 година, таа ја објавила песната „2002“, чиј котекстописец бил Ед Ширан. Песната била емитувана повеќе од 1,5 милијарди пати на Spotify. Во јули 2018 година, Ен-Мари се појавила на песната на Дејвид Гета под наслов „Don't Leave Me Alone “, која се искачила на 18-то место на британската топ-листа за синглови.

На 27 април 2018 година, Ен-Мари го издала првиот албум, Speak Your Mind. Исто така, во ноември 2018 година, ја објавила песната „Rewrite the stars“ заедно со Џејмс Артур. десно|мини|Ен-Мари во 2019 година

2019–2021: Сингл изданија и Therapy Во 2019 година, Ен-Мари се појавила во синглот „Lonely“ од американскиот пејач Лаув за саундтракот од третата сезона од серијата 13 Reasons Why. Синглот бил објавен на 1 август. На 7 февруари Ен-Мари ја објавила песната „Birthday“. На Денот на мајката 2020 година, Ен-Мари ја објавила песната „Her“. „To Be Young“, била објавена на 17 јули, во соработка со американската раперка Дожа Кет. На 28 август, Ен-Мари се појавила во песната од Рудиментал, „Come Over“. На 12 ноември, Ен-Мари го издала синглот „Problems“. Истиот ден, на YouTube Originals бил објавен нејзиниот документарец, Како е да бидеш Ен-Мари. Документарецот го откривал нејзиниот личен живот и „времето кога таа не е во центарот на вниманието“. Во нејзиниот документарец се појавуваат и други познати личности, вклучувајќи го и Литл Микс.

Од 2 јануари 2021 година, таа била ментор во десеттата сезона од The Voice UK, заменувајќи ја Меган Трејнор. Во сезоата победил нејзин кандидат.

На 15 јануари, Ен-Мари го издала синглот „Don't Play“ во соработка со британскиот YouTuber и рапер KSI и англискиот диџеј и продуцент Digital Farm Animals како водечки сингл од нејзиниот втор студиски албум. Ен-Мари пеела на песната „Way Too Long“ во соработка со Нејтан Доу и МоСтек, објавена на 9 април. На 13 мај, Ен-Мари го објавила синглот „Our Song“ со Ниал Хоран како трет сингл од нејзиниот претстоен втор студиски албум. Песната била објавена на 21 мај. На 12 јули, Ен-Мари ја објавила песната „Beautiful“, која се однесувала на сириската бегалка и падобран Дима Актаа. На 23 јули, Ен-Мари го издала синглот „Kiss My (Uh-Oh)“ како четврти сингл, со Литл Микс. Истиот ден бил објавен нејзиниот албум Therapy .

На 30 септември, Ен-Мари ја издала нејзината прва книга „Заслужуваш подобро: Несовршен водич за наоѓање на сопствената среќа“. Книгата била бестселер на Sunday Times. Во ноември 2021 година било објавено дека ќе танцува со Грацијано Ди Прима на Божиќниот специјал за 2021 Strictly Come Dancing, кој подоцна и го освоила.

2022–сега: Unhealthy, соработки со други музичари На 27 мај 2022 година, Ен-Мари соработувала со шведските диџеи од групата Neiked и американскиот рапер Лато на песната „I Just Called“. На 26 август, Ен-Мари се појавила во новата верзија на песната „_World“ од кеј-поп групата Seventeen. На 15 септември, Ен-Мари го издала синглот „Psycho“, во соработка со британскиот рапер Ајч, како водечки сингл од нејзиниот трет студиски албум.

На 3 февруари 2023 година, Ен-Мари го издала „Sad B!tch“, втор сингл од нејзиниот претстоен трет студиски албум. На 9 март, Ен-Мари соработувала со тајландската пејачка Мини, членка на јужнокорејската женска група (G)I-dle, на песната „Expectations“. На 7 април, Ен-Мари, соработувала со Дејвид Гета и со Кои Лереј на песната „Baby Don't Hurt Me“. На 27 април, Ен-Мари најавила дека нејзиниот трет албум Unhealth ќе биде објавен на 28 јули. Насловната песна од албумот, со Шанаја Твен, била објавена на 18 мај 2023 година. На 5 јули, Ен-Мари го објавила „Trainwreck“. На 16 август, Ен-Мари соработуваше со диџејот од Хаити Михаел Брун и американската пејачка Беки Џи на синглот „Coming Your Way“. „Christmas Without You“ бил издаден исклучиво на Amazon Music на 7 ноември како дел од саундтракот за Твојот Божиќ или Мојот 2. Истиот месец, Ен-Мари за прв пат била номинирана за Греми за песната Baby Don't Hurt Me.

Личен живот Во 2018 година, Ен-Мари открила дека ја привлекуваат и мажи и жени, но дека не се идентификува како бисексуалка. Таа рекла: „Едноставно ме привлекува оној што ми се допаѓа“.

Ен-Мари станала вегетаријанка во 2018 година, но изјавила дека „ќе се труди да јаде веганска [храна] колку што е можно повеќе“.

Ен-Мари отворено зборувала за нејзината борба со анксиозноста. Таа рекла дека терапијата и помогнала „да се соочи со нејзините демони за време на карантинот“ Таа исто така изјавила дека има АДХД, дислексија и опсесивно-компулсивно растројство.

Во 2022 година, Ен-Мари започнала врска со британскиот рапер Slowthai. Нивната врска, иако главно приватна, ја потврдил Slowthai во интервју за Ролинг Стоун во февруари 2023 година. Двојката тајно се венчала во јули 2022 година во Лас Вегас. Во февруари 2024 година, Ен-Мари родила ќерка.

Дискографија Студиски албуми

Speak Your Mind (2018) Therapy (2021) Unhealthy (2023)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Англиски поп-пејачки Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис Категорија:Матични мрежни места што не е исти на Википодатоците и на Википедија Категорија:Англиски текстописци Категорија:Каратисти Категорија:Британски ЛГБТ-спортисти Категорија:Британски ЛГБТ-пејачи Категорија:Денс-поп музичари Категорија:Музичари со дислексија