Фреја Алан (англ. Freya Allan; родена на 6 септември 2001) ― англиска глумица. Стекнала популарност со улогата на принцезата Цирила од Цинтра во серијата „Вештерот“ од американската компанија Нетфликс.

Живот и кариера Фреја Алан е родена на 6 септември 2001 година во Оксфорд, Англија. Алан учела во Националното училиште за филм и телевизија во Биконсфилд, Бакингемшир, каде што, како дел од студиите по глума, глумела во два кратки филма, Bluebird и The Christmas Tree. Алан потоа студирала на Универзитетот за уметности во Борнмут.

Во 2019 година, Алан имала помала улога во првата епизода од драмата на BBC „Војна на световите“.

Од 2019 година, Алан ја глуми принцезата Цири во оригиналната серија на Нетфликс, Вештерот. Во серијата глумеле и Хенри Кавил и Ања Чалотра. Серијата е адаптација од книжевниот серијал „Вештерот“ од полскиот писател Анджеј Сапковски. Додека се снимала првата сезона од серијата, Алан осум месеци живеела во Будимпешта. Алан глумела и во втората сезона од Вештерот, продуцирана во Лондон на почетокот од 2020 година и објавена на Нетфликс во 2021 година. Алан била номинирана за „Најдобра изведба од помлад глумец во телевизиска серија“ на наградите „Сатурн“ во 2021 година.

Во 2024 година, Алан ја имала главната улога во филмот на ужасите „Бeгхед“ (англ. Baghead) во режија на Алберто Коредор.

Во 2023 година, Алан била избрана да ја игра Меј во филмот од 2024 година Планета на мајмуните: Ново кралство.

Филмографија

Филм Година Македонски насловИзворен наслов Улога Белешки Навод 2017 Сина птицаBluebird Кејтлин кусометражен филм Божиќно дрвоThe Christmas Tree девојка со елка Капетан ФирсCaptain Fierce Линда 2021 Милкшејк од барутGunpowder Milkshake младата Сем2024 БегхедBaghead Ирис Планета на мајмуните: Ново кралствоKingdom of the Planet of the Apes Меј / Нова

Телевизија Година Македонски насловИзворен наслов Улога Белешки Навод 2018Into the Badlands Млада Минерва 1 епизода 2019 Војна на световитеThe War of the Worlds Мери 1 епизода 2019 ВештеротThe Witcher принцезата Цирила „Цири“ од Цинтра главна улога 2020 Третиот денThe Third Day Каил минисерија; 5 епизоди

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2001 година Категорија:Англиски глумици Категорија:Англиски телевизиски глумици Категорија:Англиски филмски глумици Категорија:Глумици од Оксфорд