мини|десно|250п|Широк поглед на планината Шапка или Чапка (, Титарос, Σιάπκα, Σάπκα) — планина во Егејска Македонија и Тесалија.
Опис Планината се наоѓа во јужниот дел на Кожанско и Катеринско и северниот дел на Лариско, Тесалија. На север и северозапад е одвоена од Пиериските Планини со превојот Крионери (1.500 м), реката Кара Су (Мавронери) и реката Извор (Исворос), притока на Сарандапорос. На исток и југоисток одделена е од планината Вулгара со превојот Палиодервено (1.020 м), каде проаѓа патот Катерина - Еласона, како и долината на Свети Димитрија и река Петриотико, која по клисурата Петра се влева во Кара Су.
Карпите на планината се гнајсеви, офиолити и амфиболити.
Шапка е вклучена во мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1250003).
Европската пешачка патека E4, која оди од Кокинопило, проаѓа низ селото Ливади и продолжува кон селата Гликово и Цапурња на планината Амар Беј.
До врвот се стасува од селото Ливади за околу 4 часа.
+ Врвови Име Грчки Висина (м) Местоположба Фламбуро, Хламбура Φλάμπουρο, Χλαμπούρα 1.834 Алепотрипа, Драгута Αλεπότρυπα, Ντραγουτά 1.004 Астрапокамени Αστραποκαμένη 1.591 Брусти Μπρούστη 1.405 Врахија, Капѕес Βράχια, Καπτζές 1.106 Георгакис Олимпиос Γ. Ολύμπιος 988 Григорас, Казарма Γρηγοράς, Καζάρμα 860 ССЗ од Дуклишта Додони, Драѕова Δωδώνη, Ντράτζοβα 1.017 С од Дуклишта Драгута Ντραγουτά 1.000 Дуро Ντούρο 1.467 Јатаки Γιατάκι 1.367 Каламарија Καλαμαριά, Καλαμάρια 1.819 Капсала Καψάλα 850 Карнија Καρνιά 1.091 ССИ од Дуклишта Кастанија Καστανιά 1.156 Кастро, Кастроливадо Κάστρο, Καστρολείβαδο 1.435 Кастро, Цангаса Κάστρο, Τσαγκάσα 1.414 Коромилија Κορομηλιά 1.500 - 1.400 Корифи, Сурба Κορυφή, Σούρμπα 1.204 Ксеровуни Ξεροβούνι 1.360 Ксило Ξύλο 1.018 СЗ над Село Кутрумари, Годрама Κουτρουμάρι, Γκοντράμα 1.309 Лимнија, Пиргос (месно име) Λίμνια, Πύργος 1.635 М. Спармиотис, Мегало Кури Μ. Σπαρμιώτης, Μεγάλο Κουρί 1.060 Мермитис, Мнимата Μερμίτης, Μνήματα 1.472 Пазарканос, Саракацанос Παζαρκάνος, Σαρακατσάνος 903 Папакуртис Παπακούρτης 1.430 Пасхос Πάσχος 1.486 Патома Πάτωμα 1.503 Пирги, Пиргос Πύργοι, Πύργος 1.421 Пирги Πύργοι 1.385 Пиргос Πύργος 1.724 - 1.684 Сарманица, Калогрија Σαρμανίτσα, Καλογρηά 1.196 Селома Σέλλωμα 911 Скопија, Вигла Σκοπιά, Βίγλα 1.140 Скопос, Вигла Σκοπός, Βίγλα 865 Стурнарија Στουρνάρια 1.469, столб на 1.456 Хајдари, Хајдури Χαϊδάρι, Χαϊδούρι 1.690 Хоревте Χορευταί, Χορεύεται 1.086 Цолетос Τσολέτος 1.162 Цума Τσούμα 817 Ј од Ливади Цунга, Цонга Τσόγκα, Τσόνγα 1.240
Поврзано Камбуница
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Планини во Тесалија Категорија:Катерина (општина) Категорија:Еласона Категорија:Серфиџе Категорија:Камбуница