Рамништа или Рамница (дијалектно: Рамнишча, ) — поранешно село во Негушко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Негуш на Солунскиот Округ, Грција.

Географија Селото се наоѓало североисточно од градот Негуш, меѓу селата Јанаково на запад, Гимново на југ и Цармариново на север.

Историја Селото е уништено при задушувањето на Негушкото востание во 1822 г., но подоцна било обнобено. Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) пред Балканските војни Рамнишча имало 10 куќи на Македонци христијани. Подоцна Рамништа се распаднало и неговото население се преселило во Цармариново.

Наводи

Категорија:Историски села во Негуш