Марика Макриевска (моминско Фотева; во , Костурско — ) — борец во Грчката граѓанска војна и членка на групата Костурчанки.
Животопис
Семејство Таа потекнувала од револуционерното семејство Фотевци. Во НОБ и во Граѓанската војна на Грција учествувало целото нејзино семејство: татко и Лазо, браќата Минчо и Фоти, сестрата Олимпија и таа (од 1943 година), а мајка и Александра осум години лежела во грчките затвори, од кои била пуштена пред смртта. Како командир на вод при 28-та бригада на ЕЛАС, на 4 јули 1944 година загинал брат ѝ Фоти Фотев. Нејзиниот постар брат Минчо бил истакнат револуционер и раководител во СНОФ, НОФ и ДАГ, а зетот од ceстpa Паскал Митревски бил секретар на СНОФ и на НОФ на Егејска Македонија. Марика е сопруга на првоборецот Васко Макриевски со кого имаат четири деца.
Костурчанки лево|мини|Костурчанки (од лево кон десно): Лина Цалева, Евдокија Балева - Фотева - Вера, Киља Шмагранова, Александра Ковачевска, Марика Макриевска и Василка Чочева. Во групата „Костурчанки" Марика учествувала од нејзиното формирање во 1970 год. На Балканскиот фестивал во Охрид и на првите „Илинденски денови" во Битола (1971) при презентирањето на фрагментите од свадбените обичаи таа ја играла улогата на „невестата".
Била учесничка во сите акции и зафати на групата, а пеела и во хорот „Борец" од неговото формирање. Интересот кон народната песна и игра кај Марика се јавил уште во детството, а го стекнала од своите родители. Фотевци биле познати по таа музичка традиција. Уште од ученичките rодини учествувала во повеќе културни уметнички друштва и хорови.
Наводи
Категорија:Членови на ДАГ Категорија:Членови на Костурчанки