Дихалеври () — поранешно село во Негушко, Егејска Македонија, на територијата на денешната Општина Лагадина на Солунскиот Округ, Грција. Било населено со Власи.
Географија Селото се наоѓало на источните падини на планината Каракамен, на 2 км јужно од Хоропан, околу изворите на рекичката Рида.
Историја Се смета дека селото Дихалеври е претходник на Хоропан, создаен на друго место по замирањето на ова село.
Во 1798 г. во селото е роден револуционерот Димитар Караташо. На 23 март 2014 г. во Дихалеври е поставена негова биста, поставен од општината и изработен од негушкиот вајар Никос Константинидис. Бистата свечено ја откриле владиката Пантелејмон Берско-негушки, негушкиот градоначалник Анастасиос Карабазос и претседателот на советот на Хоропан, Христос Алмаѕис. На 4 март 2021 г. споменикот е уништен од вандали.
Личности Димитар Караташо (1798 - 1861) — револуционер
Наводи
Категорија:Историски села во Негуш