Киља Шмагранова (моминско: Ризова; — ) — борец во грчката граѓанска војна и членка на групата Костурчанки.
Животопис
Семејство Киља е правнука на војводата Лазар Поптрајков. Во НОБ и во Граѓанската војна во Грција со својот сопруг Јото учествувала од 1943 до 1949 година. Јото во ДАГ служел во коњичката единица, а таа како партизанка во известителната служба на Главниот штаб на ДАГ. Директни учесници во народноослободителното движење биле и двете нејзини сестри: Лина и Елена (Ленка) и брат и Живко. Ленка загинала како потпоручник во мај 1948 година во големата офанзива на Грамос. Во ДАГ загинал и нејзиниот поголем девер Кирјако Цалев.
По уништувањето на Д’мбени во 1948 година, како стари и исцрпени, родителите на Јото (сопругот на Киља) од Генералниот Штаб на ДАГ биле испратени во тогашна Југославија. По капитулацијата на ДАГ, кај нив дошол и Јото, додека Киља по поразот на НОД преминала во Албанија, од каде била испратена во Полска. Со својата ќерка Маре од Полска во Македонија се вратила во 1959 година.
Костурчанки лево|мини|Костурчанки (од лево кон десно): Лина Цалева, Евдокија Балева - Фотева - Вера, Киља Шмагранова, Александра Ковачевска, Марика Макриевска и Василка Чочева. Во групата „Костурчанки”, членувала од формирањето во 1970 година. Таа заедно со Александра Ковачевска и Лина Цалева „ги фаќала" влечените, гртените и уканите пеани. Била учесник во сите зафати и активносги на групата.
Наводи
Категорија:Членови на ДАГ Категорија:Членови на Костурчанки