Свети Атанасиј () — доцносредновековна црква во селото Либаново, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Китроско-катеринско-платамонската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата се наоѓа во Каваклиското Маало (Καβακλιωτών). Датира од XV век. Храмот има сложено архитектонско устројство. Во нејзиниот денешен облик претставува двокорабна базилика со дрвен покрив, издигната женска црква на југ и припрата на запад. Апсидата на исток однадвор е тристрана. Во внатрешноста има фрески од крајот на XVI век.

Во 1983 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата.

Поврзано Китроско-катеринско-платамонска епархија

Наводи

Атанасиј, Либаново Атанасиј, Либаново Категорија:Споменици на културата во Пидна-Колиндар