1464 () — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1464 година од новата ера, 464. од вториот милениум, 64. од XV век и петта од 1460-тите.
Други календари Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6972 и 6973 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6214 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5224 и 5225 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2217.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт Цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот Цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1464 година се протега во 4100 и 4101, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4160 и 4161 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2007. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 868 и 869 исламска година.
Настани
Јануари-декември
1 мај - Едвард IV тајно се венча со Елизабета Вудвил и го чува бракот во тајна 5 месеци. 15 мај - Битка кај Хексхем: Невил победуваат уште една ланкастерска војска, предводена од кралот Хенри VI и (Маргарита Анжујска. Ова го означува крајот на организираниот отпор на Ланкастер во следните неколку години. 11 јуни - Се потпишува 15-годишно примирје помеѓу Кралство Англија и Кралство Шкотска. 18 јуни - Папа Пиј II заминува за Анкона и го именува Скендербег за генерален капетан на Светата Столица. Овој план го принудува Скендербег да го раскине својот 10-годишен мировен договор со Отоманците потпишан во 1463, напаѓајќи ги нивните сили во близина на Охрид. 23 јуни - Кристијан I Дански и Норвешки, кој исто така служи како крал на Шведска, се прогласува за отфрлен од вториот престол. Неговиот соборен претходник Карл VIII Шведски е повторно избран на престолот на 9 август. 30 август - Папа Павле II го наследува Папа Пиј II, како 211. папа.
Непозната дата Во Кина, мало востание се случува во внатрешната провинција на Хугуан, за време на династијата Минг; последователен бунт избувнува во Гуангси. Ова го принудува владетелот да испрати дополнителна војска за задушување на бунтот.
Родени
23 април Роберт Ферфакс, англиски ренесансен композитор (п. 1521) Жана Француска (п. 1505) 6 мај - Софија Јагелонска, полска принцеза (п. 1512) 30 мај - Барбара фон Бранденбург, бохемиска кралица (п. 1515) 27 јуни - Ернст II Саксонски, архиепископ на Магдебург (1476-1513) и администратор на Халберштат (1480-1513) (п. 1513) 1 јули - Клара Гонзага, италијанска благородничка (п. 1503) непозната дата Несауалпили, владетел на Ацтеките (п. 1515)
Починале јануари - Дезидерио да Сетињано, италијански вајар 8 март - Катерина Подебрадска, унгарска кралица (р. 1449) 15 мај - Хенри Бофорт, трет војвода од Самерсет (р. 1436) 17 мај - Томас де Рос, англиски политичар (р. 1427) 25 мај - Шарл I Неверски, гроф на Невер (р. 1414) 18 јуни - Рохир ван дер Вејден, фламански сликар 1 август - Козимо де Медичи, владетел на Фиренца (р. 1389) 11 август - Николај Кузански, германски математичар и астроном (р. 1401) 14 август - Папа Пиј II (р. 1405) 7 септември - Отон III, војвода од Померанија (р. 1444) 16 ноември - Јохан, маркгроф на Бранденбург (р. 1406) 23 ноември - Маргарита Савојска (р. 1390) 2 декември - Бланка II Неварска (р. 1424) непозната дата Џон Капгрејв, англиски историчар (р. 1393) Бернардо Роселино, италијански вајар и архитект (р. 1409)
Наводи
Надворешни врски
61464